Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Претставникот на Алумни асоцијацијата на Иванов Школата за млади лидери, Дејан Илиоски, ја посети Градската Болница во Кичево и на децата кои ги дочекаа празниците во болница им подели играчки, сликовници и честитки изработени од нивни врсници од градинките ширум Македонија, вклучително и од градинката „Олга Мицеска“.
Дечињата од градинките веќе трета година по ред преку проектот „Прегратка на дар“ ги радуваат своите врсници за новогодишните празници рачно изработувајќи играчки – прегратки со што учат на хуманост, солидарност и емпатија, што е воедно и главната порака на акцијата – „од децата за децата – грам љубов за тон здравје“.
- Многу ни е драго што имаме можност да подржиме една навистина благородна акција, која ни ги стоплува срцата и создава темел за едно похумано општество во кој идните генерации ќе растат со духот на солидарноста, подготвени да им помогнат на оние на кои им е најпотребно – изјави Илиоски.
Проектот „Прегратка на дар“ е организиран од интернет медиумот „Рингераја“ со генерално покровителство на „Бимилк“. Во рамките на акцијата беа направени околу 7.500 играчки кои освен на децата во болниците ќе им бидат доделени и на домовите за деца без родители и други институции кои згрижуваат дечиња.
Извор: Кичево.мк
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...
Депресијата и анксиозноста не живеат само во мислите
Во новото секојдневие, депресијата и анксиозноста не се само „ментални...