|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

ПОЧНУВА КАМПАЊА „ПАТОТ ДО ЗДРАВИ ЗАБИ“

Natusana, 22.4.2015
Играј со Четко, четкај и со здрави заби светкај… дечињата ќе имаат можност, низ игра и забава, да се едуцираат како да ги мијат своите запчиња, колку често и зошто е важно редовно и правилно да се четкаат запчињата.

image
/11


ПОЧНУВА КАМПАЊА „ПАТОТ ДО ЗДРАВИ ЗАБИ“

Играј со Четко, четкај и со здрави заби светкај


Скопје, 22.04.2015 година – Во следните три месеци ќе се реализира кампања за здрави заби насловена како „Патот до здрави заби“. Во овој период, дечињата ќе имаат можност, низ игра и забава, да се едуцираат како да ги мијат своите запчиња, колку често и зошто е важно редовно и правилно да се четкаат запчињата.

 

“И како доктор,и но и како родители, ја препознавме потребата за едукација на дечињата на тема здрави заби. Со оглед на тоа дека сакаме да ги поттикнеме на правилен развој на една практична вештина и здрава навика, се одлучивме тоа да го изведеме на исклучително креативен начин, со помош на анимација и вклученост на дечињата во целиот процес. Токму затоа ја правиме кампањата „Патот до здрави заби“, којшто пат дечињата ќе го изодат заедно со Четко Четковски, нашата маскота, а другар на дечињата. А крајната цел на тој пат секако се многу награди за оние кои ќе ги совладаат сите игри, односно ќе го научат поглавјето за правилна грижа за запчињата“ - вели Александар Донев, застапник за брендот „Лакалут“ во Македонија.

 

Кампањата „Патот до здрави заби“ ќе се реализира под слоганот „Секој ден четкај и со здрави заби светкај“ и има цел да ги научи децата на една исклучително здрава навика, значајна за целокупното здравје на организмот, почнувајќи од здрава исхрана како што се овошје и зеленчук, преку начинот на одржување на хигиената на запчињата се до тоа како да се зачуваат запчињата здрави, бели и цели! За да го поминат патот до здрави заби, дечињата заедно со Четко ќе треба да изиграат неколку игри кои ќе им помогнат да научат зошто е важно да ги мијат запчињата редовно.

 

За времетраење на кампањата, за секој купен Лакалут детски производ, дечињата ќе добиваат боенки со кои ќе имаат можност да учествуваат во сите игри кои ќе следуваат.

 

Дечињата ќе се дружат со Четко на разни локации низ Скопје, ќе играат многу интерактивни и забавни игри, како што се Кула, Пикадо, Куглањe, Квиз, Сложувалка, а за добрата игра и наученото ќе добиваат подароци. Сите останати кои нема да земат учество во игрите ќе можат да се дружат со Четко, да се фотографираат со него и да разговараат.

Право на учество ќе има секое детенце на возраст до 13 години, кое ќе сака да учествува. Доколку детето е под 6 години, ќе има право да учествува со родител. Доколку детето е над 6 години ќе се натпреварува само. 

За сите игри и можности за дружење, Четко и Лакалут ќе Ве информираат преку социјалните медиуми (Facebook страницата Четко Четковски), како и преку интернет страната на Натусана.

„Дојдете и слушнете ја приказната за патот до здрави заби. Станете и вие дел од дружината на Четко“ – ги покани зајчето Четко Четковски своите другарчиња.

Првото дружење со Четко Четковски ќе се случи на 25 април (сабота) во Зоолошката Градина каде дечињата ќе имаат можност да играат „Кула“, да ја научат првата лекција од поглавјето, да се дружат и да бидат дел од уште многу други активности. Кулата ќе им помогне на дечињата да осознаат што ќе се случи доколку не се грижат внимателно за своите запчиња уште од најмала возраст.  Играта која што ќе ја играат ќе им покаже дека доколку правилно се грижат за секое запче и секојдневно го миеме, тоа ќе остане цело и здраво.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кој тип на вежбање најмногу прилега во бре...
Бременост! Мислиме дека ова е периодот кога никој нема да ни замери што јадеме повеќе од вообичаено, некое кило плус нем...
2
5 брзи трикови за совршена фигура
Понекогаш ни сами не сме свесни колку со здрав начин на живот можеме да влијаеме на здравјето и да го промениме текот на...
2
Безбедно ли е да се спортува за време на б...
Убавата и цврста фигура е "фикс идеја" за повеќето жени. Тие се борат со вишокот килограми, почитуваат строги диет...
2
Брзото одење го продолжува животот
Пешачењето е едно од најдобрите работи што можете да направите за вашето здравје. Тоа е корисно за срцето, крвниот прити...
2




Анкета

ime
kremci15

може да ми помогнете кое има да го изберам

david (54%)

luka (46%)


Број на сите гласови: 128

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!