|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Најдобар секс за забременување

Редакција Рингераја, 11.7.2016
За да се забремени мора да се поклопат повеќе работи, но во секој случај најважно од се е соодветното време. Како можеме да ги зголемиме шансите за забременување? Колку често и каков полов однос треба да имаме за да успее забременувањето?

image
/11


 

Зголемете ги можностите

За да се забремени мора да се поклопат повеќе работи, во секој случај најважно од се е соодветното време. Доколку сакате да ја зголемите можноста за забременување имајте однос 72 часа пред овулацијата или 24 часа после овулацијата( така ќе можете да го следите животот на сперматозоидите кои може да бидат до 72 часа во јајниците, а можат да преживеат најмногу до 24 часа по овулацијата).Сега немате време за размислување и колебање. Убедете го својот партнер  дека наместо да оди да вози велосипед, подобро е повеќе време да поминете во спалната соба.

 

Како знаеме дека сме во фаза на овулација?

Помогнете си со следниве совети:

  • Мерете ја и запишувајте ја вашата телесна (базална)температура
  • Проверувајте ја вашата вагинална слуз (густ секрет е знак за овулација)
  • Употребете тест  со кој ќе можете да ја предвидите овулацијата

 

Подгответе го вашето тело за забременување

Ако сакате да забремените, а сеуште не сте се откажале од пушење, пиење или консумирање на алкохол, сега е моментот за да се откажете од сите Ваши пороци,  и да го подготвите телото во најдобра форма за забременување(доколку земате некои лекарства со лекарски рецепт, консултирајте се со Вашиот  доктор дали ќе можете да ги земате истите и за време на бременоста).Не заборавете во текот на денот да земете витамини кои во себе содржат 400 гр. фолна киселина. Така ќе се намали ризикот од потенцијални вродени дефекти.

 

Зошто би требале да се откажеме од пиење и пушење за време на бременоста?

Консумирањето алкохол и пушењето можат да ја намалат можноста за забременување. Се што внесувате и пиете стигнува и до новороденчето и влијае на неговото здравје. Најголемиот број на жени до четвртата или петтата недела не знаат дека се бремени, затоа не одолговлекувајте да прекинете со пушењето и пиењето. Со тоа само го зголемувате ризикот од вонматерична бременост.

 

Колку често треба да имате полов однос?

Доколку сакате да забремените, во никој случај не треба да имате пречесто  полови односи. Да, морате да имате полов однос за време на овулацијата, но уште подобро е доколку имате малку пред деновите на овулација( по овулацијата можностите за забременување во овој циклус паѓаат во вода), а не треба и да се придржувате строго до часовниот ритам ,затоа што сперматозоидите може да преживеат во Вашето тело најмалку 2 дена. Трикот е во тоа што спермата е подготвена и само чека на јајце клетките кои треба да поминат низ јајцеводот. Најдобро би било да имате полов однос секој втор ден за време на Вашиот циклус. А доколку сакате да ги зголемите можностите за забременување тогаш имајте однос барем еднаш на ден  два дена пред овулацијата.

 

Сексот нека биде забавен

Напомнете му на партнерот дека шансите за забременување се поголеми доколку доживеете оргазам. Некои истражувања докажале дека оргазмот помага за полесен пренос на сперматозоидите во матката. Затоа опуштете се и уживајте за време на половиот чин. Дозволете си топла бања, миризливи свеќи  или пуштете некоја сензуална музика.

 

Дали знаевте?

Која е најдобра положба за полесно да забремените?

Голем број на научници веруваат дека мисионерската положба (машкото на врвот) е најдобрата положба за забременување. Тоа само по себе значи дека тогаш машкото може најдлабоко да навлезе во матката и да пенетрира, при  што сперматозоидите  можат најлесно и најблиску да навлезат до матката.

Останати положби (доколку Ви стане досадно)

  • Без разлика дали лежите или клечите, партнерот нека биде зад Вас. Со тоа спермата ја вбризгува во близина на вратот на матката.
  • Лежење рамо до рамо. Таа положба е одлична за добар секс и помалку оптеретувачка за партнерите без преголемо оптеретување  на вратот.

 

 Дали навистина оргазмот помага за полесно забременување?

 Да. Секако дека и неговиот оргазам е многу важен за полесно забременување, но некои научници укажуваат дека тука многу важен е и Вашиот оргазам. Со женскиот оргазам многу полесно се пренесуваат сперматозоидите до вратот на матката.

 

Дали ќе помогне доколку после половиот однос останете во лежечка положба или ги кренете нозете?

Воопшто ништо нема да штети доколку ги кренете нозете . Некои стручњаци тврдат дека  е добро после половиот однос уште некое време да останете во постела и дури препорачуваат да лежите на грб со ќебе под Вашата карлица. Во теоријата тоа кажува дека така полесно ќе пливаат сперматозоидите низ јајцеводите. Ако сте склони кон инфекции и Ви е укажано дека веднаш после половиот однос треба да одите во тоалет,  тоа мора да го почитувате.

Не концентрирајте се премногу на вистинската положба за полесно забременување. Најдобро е да се препуштите на моментите и да уживате. Стресот и загриженоста можат да бидат фактор за неуспешен обид.

Колку често да имате секс за да забремените?
Обидувајќи се да забремените, понекогаш може да го претворите сексот во обврска планирана според календар.
3
Црвеното вино ја зголемува плодноста?
Резултатите од ново истражување спроведено во САД покажалe дека жените кои пијат чашка црвено вино неделно имаат поголем...
3
Вонтелесно оплодување (ИВФ)
Отако ќе се воспостави дека вонтелесното забременување е единствен начин да забремените, треба да почнете да ја планират...
3
Приказната на Вишња Томиќ
Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...
2


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Dali?
Jana9

Dali ste ljubitel na umetnost?

Da (50%)

Ne (0%)

Ponekogas (50%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!