|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Кога сите околу Вас се бремени...

Редакција Рингераја, 31.5.2012
Кога еднаш ќе почнете да ја планирате својата иднина и ќе почнете да размислувате за бременост, во Вашата близина од нигде никаде ќе се појават безброј трудници кои до тогаш не сте ги забележувале...

image
/11


 

 

Ако на тоа ги додадете Вашите неуспешни обиди, тогаш тоа ќе почне многу да Ве нервира...

 

Знаеме како се чувствувате, затоа прашавме професионалец како полесно да го поднесете тоа.

 

Приредете си забава за “самосожалување”, само немојте да претерате

Навистина, може да почувствувате самосожалување. Угледниот психолог Shoshana Bernett, верува во моќта на забавите за самосожалување. Ако мислите дека тоа ќе Ви помогне организирајте ги секој месец додека не забремените. Се работи за тоа секој месец да Ви се случува некој среќен настан, кој ќе Ви остави убаво сеќавање, иако одбележува несреќен настан. Тоа ќе Ви помогне весело да го завршите месечниот период, да не се наполните со негативна енергија и да не се соочите со депресија. Затоа одберете место и време и исфрлете се' негативно од себе, плачете, викајте, пишувајте дневник или поезија, што претставува добар начин за да ги исфрлите од себе негативните емоции. На крај пуштете гласна музика и посакајте си повеќе среќа следниот пат.

 

Немојте да се споредувате со другите

Пред се' бидете свесни дека бременоста не е натпреварување и не е важно на кого колку му е битно да забремени. Најважен е фактот дека на крај сите кои ќе забременат добиваат еднаква вредна награда. Но, во 99% од случаите никој не сака да слуша туѓи приказни на оваа тема посебно во време кога не Ви оди се' од рака. Кога ќе престанете да се споредувате со другите ќе Ви биде многу подобро и поубаво ќе се чувствувате.

 

Игнорирајте ги туѓите зајадливи коментари

Кога ќе се разгласи дека се обидувате да забремените, луѓето почнуваат да Ви доаѓаат со своите приказни кои повеќе одмагаат, отколку што помагаат. Навистина е напорно да слушате дека некоја пријателка на Вашата пријателка забременила без ни малку труд. Игнорирајте ги ваквите коментари и размислувајте позитивно. Кога некој ќе започне со такви приказни променете ја темата, извинете се или оддалечете се од тоа место, или едноставно речете дека такви приказни Ви пречат во овој период. Најважно е да им дадете на другите на знаење како се чувствувате, посебно на оние кои Ви даваат најголема поддршка.

 

Избегнувајте разговори за бебиња

Забележавте дека Вашите колеги од работа Ви одат на нерви со разговорите за бременост и непрестаното допирање на сопствениот стомак. Едноставно променете ја темата или замолете ги колегите да ја избегнуваат.

 

Искористете го времето додека немате бебе најдобро што можете

Кога еднаш ќе имате бебе веќе нема да можете да правите некои работи и Вашиот живот ќе се сведе на менување пелени и хранење. Затоа одберете некоја дестинација и отпатувајте таму, излезете навечер во град и забавувајте се. Тоа ќе Ви биде издувен вентил низ кој ќе го исфрлите целиот стрес од организмот. Со решавање на стресот ќе направите еден голем чекор напред кон бебето и затоа – бидете среќни!

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Фото: Вака изгледа борбата за бебе!
Не постои нешто што жените не би направиле за да си го исполнат сонот да станат мајки. Секојдневно, голем број од нив по...
4
Сперматозоиди во воена готовност!
Убава музика, секси долна облека, афродизијак во ладилникот, се е подготвено за зачнување на идниот наследник. Кога жени...
3
Секоја жена најзадоволно се смее двапати!
Жената има две насмевки, една кога сфаќа дека е заљубена и друга кога за првпат ќе си го види бебето
3
Следење на овулација – исцедок од вагина (...
Како да го пратите природниот циклус на жената и да ги одредите плодните денови со помош на исцедок од вагината?
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?