|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Карфиол или брокула - што е поздраво?

Редакција Рингераја, 4.4.2017
Карфиолот е често запоставен во фамилијата од зеленчуци, посебно од неговиот зелен роднина брокулата. Овој зеленчук навистина заслужува редовна конзумација во вашата диета, посебно зошто содржи импресивна палета на...
Клучни зборови:

image
/11


 

Овој зеленчук навистина заслужува редовна конзумација во вашата диета, посебно зошто содржи импресивна палета на нутритиенти, витамини, минерали, антиоксиданси и други предности.

Може да се конзумира сиров, да се додава во салати, или да го готвите по ваша желба. Карфиолот може да биде вашето ново хит “здраво пире”!


8 топ здрави придобивки на карфиолот

Поради навистина одличните ефекти на бројни аспекти од вашето здравје, карфиолот може лесно да се опише како суперхрана.

Се бори со ракот

Карфиолот содржи сулфорафан, кој докажано убива стебла на канцерогени клетки, а со тоа и го успорува растењето на туморот. Некои истражувачи веруваат дека кога се убиваат стеблата на канцерогените клетки тоа е клучно во контролирање на ракот.

Пример, едно истражување покажало дека доколку искомбинирате карфиол со куркума, може да се третира рак на простатата.

Работа на срцето

Сулфорафанот во карфиолот и другите зеленчуци од овој тип, значително го подобруваат притисокот во крвта и работата на бубрезите. Научниците веруваат дека придобивките се поврзани со подобрена метилација на ДНКто, кое е клучно во формирање на добри гени, посебно кај оштетен внатрешен дел кај артериите.

 Антиинфламаторно дејство

Ви треба мал дел инфламација во вашето тело за да останете здрави. Но, исто така, е можно и доста често инфламацијата да излезе од контрола.

Вашиот имун систем може да се збуни дури и кога нема реална закана, но карфиолот содржи богатство на антиинфламаторни состојки, вклучувајќи индол 3 карбинол.

 

Богатство на витамини и минерали

На многу голем дел од нас сериозно ни недостасуваат вистинските состојки во телото за да функционираме. Конзумирање карфиол редовно е едноставен начин да се примат многу потребните состојки во вашето тело. На пример, една порција карфиол содржи 77 проценти од препорачаната дневна доза на витамин Ц. Исто така е и добар извор на витамин К, протеин, тиамин, ниацин, магнезиум, фосфор, влакна, витамин Б6, фолат, и многу други.

Подобрете ја работата на мозокот

Карфиолот е одличен избор на колин, витамин Б познат по улогата во развојот на мозокот. За време на бременоста, доколку внесувате колин, ќе го наполните мозокот и ќе ја подобрите меморијата и учењето. Дури може да помогне и во губитокот на меморија како последица на стареење. Може да помогне во ранливоста на мозокот на токсини за време на детството, понатака формирајќи заштита во постарите години.

Детоксификација

Карфиолот помага вашето тело да се детоксицира на повеќе начини. Содржи антиоксиданси кои помагаат при прва фаза на детоксикација заедно со состојки кои содржат сулфур, важни за втора фаза на активности за детоксикација. Карфиолот ги активира ензимите за детоксикација.

Дигестивни придобивки

Карфиолот е важен извор на дигестивни влакна. Но тоа не е се, карфиолот исто така помага многу на заштитната обвивка во внатрешниот дел на стомакот. Ќе помогне да се заштитите од бактерии како Хеликобактери.

Антиоксиданти

Да јадете карфиол е како да сте победиле на лотаријата за антиоксиданти. Спакуван со витамин Ц, бета каротен, рутин, цинамична киселина и уште многу други состојки, карфиолот со антиоксидантите е природен начин на овозможување на клетките соодветна одбрана против напади од типот на загадување, стрес и многу други. Ако немате соодветно снабдување на антиоксиданти да ги потисне слободните радикали, може да сте на ризик од оксидативен стрес, што го оштетува ткивото и органите.

  • 100 калории од ваков тип на зеленчук ќе ви даде 40 проценти од дневните потреби за влакна

  • Овие зеленчуци содржат протеин, 25 проценти од дневните потреби во 3 чаши.

 

САЛАТА ОД КАРФИОЛ

 

За момент да заборавиме на карфиолот кој најчесто го ставаме во зимницата.

Свежиот карфиол е уште подобар и поздрав за конзумирање, а е навистина многу лесен за да се подготви.

 

Затоа оваа едноставна салата од карфиол може да ја вметнувате често на вашето мени.

 

  1. Измијте го карфиолот и исецкајте го на парчиња, не премногу ситни за да не ви се рони.

  2. Измијте и еден морков и по ваша желба или изрендајте го или исечете го на тенки резанци.

  3. Почекајте неколку минути витамините да излезат од пресечените зеленчуци.

  4. Додајте маслиново масло, сол и лимон.

  5. Вашата салата е готова во рекордно време, а вкусот е незаменлив! Може да додадете малку сенф по ваша желба, а и да ја модифицирате по ваш избор, буквално секој зеленчук е добредојден во салата.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кој тип на вежбање најмногу прилега во бре...
Бременост! Мислиме дека ова е периодот кога никој нема да ни замери што јадеме повеќе од вообичаено, некое кило плус нем...
2
5 брзи трикови за совршена фигура
Понекогаш ни сами не сме свесни колку со здрав начин на живот можеме да влијаеме на здравјето и да го промениме текот на...
2
Безбедно ли е да се спортува за време на б...
Убавата и цврста фигура е "фикс идеја" за повеќето жени. Тие се борат со вишокот килограми, почитуваат строги диет...
2
Брзото одење го продолжува животот
Пешачењето е едно од најдобрите работи што можете да направите за вашето здравје. Тоа е корисно за срцето, крвниот прити...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?