|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да ги зголемите шансите за забременување?

Редакција Рингераја, 13.1.2014
Одлучивте дека сакате да имате бебе? Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да забремените и да и дадете добар почеток на вашата одлука за бременост

image
/11


 

 

Прекинете со пилулите за контрацепција

Прекинувањето на контрацепцијата не значи дека овулацијата веднаш ќе започне нормално, па не паничете ако не забремените во првите три месеци.

 

Знајте го вашиот датум на овулација

Ова е време кога шансите за забременување се највисоки. Тоа е обично околу 14-от ден  по почетокот на менструацијата. Можете да го откриете овој ден со помош на мерење на базална телесна температура во текот на целиот циклус. Температурата на телото е повисока само по овулацијата. Забележете ги овие детали кои ќе ви помогнат подобро да го запознаете вашиот циклус и плоден период.

 

Тестови за овулација

Тестовите за овулација исто така можат да ви помогнат и достапни се во аптеките. Предноста на овие тестови е што кажуваат дека настапува овулација за 1 или 2 дена однапред, така што ќе можете да се подготвите за тоа. Тие се базираат на концентрација на хормоните во урината и имаат 96% сигурност.

 

Имајте секс на секои три дена

Бидејќи животниот век на сперматозоидите е 72 часа, можете да водите љубов на секои три дена.

 

Повеќето  позиции се во ред

Иако некои сугерираат дека мисионерската поза е најдобра за забременување, сепак не постои позиција за која е докажано дека ќе и помогне на спермата побрзо да стигне до својата дестинација.

 

Ставање перница под задникот

Лекарите советуваат да ставите перница под задникот после половиот однос, за да и се даде на спермата правилна насока на движење. Во овој случај гравитацијата помага спермата побрзо да стигне во грлото на матката и да продолжи во потрага на јајце-клетката.

Останете во таква позиција околу 20-30 минути. Така ќе имате најголеми шанси за забременување.  Можете исто така да лежите и без перниче под задникот, но најважно е да не станувате веднаш.

 

Внимавајте на исхраната

Здравата исхрана и помага на плодноста.  Нискокалоричната храна ви помага да ги изгубите килограмите, но може да има влијание и на хормоните потребни за да се забремени. Употребата на многу шеќер го зголемува производството на адреналин, хормон кој делува против прогстеронот, кој ја подготвува матката за бременост. Кафето, алкохолот и цигарите исто така имаат негативни ефекти врз плодноста.

 

Вистинска сезона

Плодноста е исто така поврзана и со годишните времиња. Повеќе сперматозоиди се произведуваат  во почетокот на пролетта и крајот на есента. Сперматозоидите се повеќе подвижни на крајот на летото и почетокот на есента. Се чини дека есента и почетокот на зимата се најдобар период за забременување.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Секоја жена најзадоволно се смее двапати!
Жената има две насмевки, една кога сфаќа дека е заљубена и друга кога за првпат ќе си го види бебето
4
Фото: Вака изгледа борбата за бебе!
Не постои нешто што жените не би направиле за да си го исполнат сонот да станат мајки. Секојдневно, голем број од нив по...
3
Што не знаевте за неплодноста?
Жените кои не можат да забременат поминуваат низ многу тежок период и постојано се преплавени со емоции, како што се оса...
3
Приказната на Вишња Томиќ
Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?