vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Ете го јуни - пак нешто се буни!
Уште утре сака на гости да ни дојде.
Лут му е на мај,
го брка да си појде...
- Ајде бегај! - му вели
доста ти беше - треба да се селиш.
Цел ден повеќе од мене траеш.
Зар тоа братче не го знаеш?!
А мај го гледа и само се смешка:
- Календарот братче не прави грешка.
Во него е запишано кој до кога "трае".
Зар и ти тоа не го знаеш?
- Го знам тоа, верувај ми брат.
Но и јули и август веќе се на пат.
Сите деца кај нас и во светот,
сакаат што побргу да дојде лето.
Веќе ги чекаат песочните плажи.
Зар не е така?
Ај те молам кажи?
Знам дека е така и во ред се' е.
Но за капење и сончање време уште не е.
Во реките и езерата сеуште е студена водата.
Си има ред и закон, братче, во природата.
Распеани и цветни игри
на децата јас им нудам.
Зошто ми се лутиш
навистина се чудам?
Ама јуни пак се буни
продолжува да се кара.
- Да си оди веднаш
од месец мај се бара!
Мај пак трае и се смешка...
Ај кажете кој е во грешка?!
забава Бремените
Автор: bobik
Прв преглед по позитивен тест за бременост
Двете цртички на тестот носат огромна радост, но и многу прашања. Кога...
Ултразвук во бременоста, што треба да знае трудницата?
Од првата мала слика на екранот до деталниот преглед на развојот на бе...
Најдобри вежби за болки во грбот во бременоста
Болката во грбот е една од честите непријатности во бременоста. Како ш...
Затнат нос и тешко дишење навечер во бременоста
Кога легнувате, наместо да се опуштите, чувствувате дека носот ви се з...
Најтешки симптоми во првиот триместар
Првите недели од бременоста можат да бидат исполнети со возбуда, но и ...