vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Но има една работа...не се чувствувам кул. Чувствувам како да работам по цел ден, како да малку спијам и како никогаш да не сум цела. Никогаш.
Па која е мојата тајна? Како успевам сите овие деца да мислат дека сум кул мама?
Го правам тоа. Секако, да се направи забава за спиење со деца од 1-во одделение не е баш едноставно и ме излудува. Што ако децата плачат за своите мајки и се измочкаат во кревет или исповратат врз мене? Сите овие три работи ми се имаа случено на последните забави кои ги организирав. Но заборавив и повторно ги поканив. Тие гледаа филмови, се скокоткаа, играа и поминаа прекрасни часови. Сега правиме најмалку 3 такви забави годишно, кои се апсолутно фантастични.
Не се препотувам за неважни нешта. Па што ако креветите не се наместени и садовите не се измиени, пред да дојдат моите пријатели? Кому е грижа? Тоа само значи дека имавме повеќе време за боење на косата на мојата ќерка во боите на виножитото.

Споделувајте ги нивните хоби. Сега веќе и 9-годишните деца имаат акаунт на Инстаграм. Јас сум единствен родител кој ги следи и сум ги фатила како во коментар го оставаат нивното име и презиме, улицата на која живеат, како коментираат кога родителите им се дома и сите ги подучувам да не го прават тоа и да бидат поодговорни. Намерно играм игри и објавувам резултати, за да мислат дека сум една од нив, па ме чуваат на листата на следбеници.
Живејте го вашиот живот. Ако изгледате мизерно и никогаш ништо забавно не правите за себе, тогаш не сте кул личност. Затоа погрижете се да отидете на масажа, да го гледате вашето омилено шоу, или да изедете сендвич сами во паркот. Ако го направите тоа, децата ќе знаат дека има работи кои ве прават единствена. Работи кои ве прават кул.
Запомнете, вие сте кул мајка, затоа што сте своја. Не паничете, не викајте и запомнете дека вашите деца сакаат да мислат дека можете да ја дофатите месечината. Дозволете им!
7
5
5
5
забава Бремените
Автор: bobik
Како правилно да се туширате за здрава и негувана кожа?
Туширањето е важен дел од секојдневната хигиена, но начинот на кој го ...
Што е AMH хормон и што ни кажува?
Кога жената планира бременост или сака да дознае повеќе за своето репр...
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...
Односот на детето кон храната се гради уште од најрана возраст, а роди...