|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Игри кои ја зголемуваат интелигенцијата кај детето

Редакција Рингераја, 24.1.2013
Интелигенцијата не е условена исклучиво од генетиката, како што најчесто се мисли. Секој од нас може со својот скромен придонес да го поттикне развојот на менталните способности кај децата

image
/11


 

 

Менталниот апарат почнува да се формира уште додека бебето е во стомакот, па исхраната на мајката и нејзината психолошка состојба имаат значајна улога во тоа. Подоцна родителите со својот ангажман и адекватна стимулација можат дополнително да го поттикнат развојот на интелигенцијата. Многу е важно да не се претера со форсирање на  способностите на детето во желбата од него да се направи вундеркид, за да не се предизвикаат краткорочни и долгорочни последици.

 

Позитивно влијание на доењето

Со доењето треба да се започне што побрзо по породувањето, бидејќи мајчиното млеко е најквалитетна храна за бебето. Докажано е дека должината на доењето има значајна улога во развојот на интелигенцијата кај децата, па би било добро детето да се дои барем една година. Според некои истражувања, деца на возраст од седум-осум години кои биле доени, на тестовите за интелигенција имале по  8-9 поени повеќе од децата кои не биле доени. Се смета дека за таквите резултати се заслужни одредени состојки присутни во мајчиното млеко, но и физичкиот и емоционалниот контакт кој се воспоставува меѓу мајката и детето во чинот на доење.

 

Поттикнете ја интелигенцијата кај детето

Колку и да има добар потенцијал детето, тој нема да биде правилно искористен ако детето седи пред телевизор поголем дел од денот. Родителите сакаат децата да им бидат успешни на сите полиња, но е потребно доста труд, вежби и стимулација на потенцијалот на детето за тоа да се постигне. За детето е многу поважно вниманието на родителот и квалитетно поминатото заедничко време, од било какви играчки, па колку и да се едукативни. Уште од најмала возраст родителите треба да започнат со вежби и говорно-ритмички игри кои го поттикнуваат развојот на детето.

 

Стимулативни игри за деца

  • Во првите недели од животот: Ставете го бебето на грб да може да ги види своите раце.
  • Од осмиот месец: играјте криенка. Дајте му на бебето предмети кои може да ги истражува.
  • Во првата година: Читајте му и покажувајте му книги на детето. Играјте криенка и барање на предмети.
  • Со година и пол: Разговарајте што повеќе со Вашето малечко. Сослушајте што има да Ви каже па дури потоа одговарајте.
  • Во втората година: Зборувајте додека работите низ дома, а детето си игра.
  • Во четвртата година: Играјте друштвени игри, разговарајте за постапките на детето, сложувајте сложувалка.
  • Во шестата година: Што почесто заедно сортирајте ги и пакувајте ги предметите (на пример, можете заедно да ја поставувате масата или да ги сортирате чорапите)

 

Игри на меморија

Почекај малку

Нишајте го детето на колено (Ди коњче),  а потоа застанете на кратко и почекајте Вашето дете да продолжи. Тоа е многу едноставна игра за поттикнување на помнењето кај детето во втората половина од првата година.

 

Разговор

Кога Вашето дете ќе почне да владее со основните зборови, трудете се што повеќе секојдневно да разговарате. Прашајте го што правело во паркот, со кого си играло и што видело на прошетка. Заедно направете ужинка, седнете и зборувајте. Оваа активност, ако редовно се спроведува, го поттикнува детето да планира што ќе каже и постапките да ги преточи во зборови.

 

Песнички

Децата најдбро помнат ако одредени реченици се повторуваат и ги следат движења. Смеата и восхитувањето во текот на играњето и пеењето ја зголемува веројатноста дека детето ќе се сеќава што правело претходнот ден. Затоа  играјте Тапшин – тапшин, Ринге-ринге-раја и други игри.

 

Жолт ден

Кога Вашето  малечко ќе се разбуди, речете му: “Денес е жолт ден”. Двајцата облечете жолта облека, направете лимонада и палента за појадок, а за ручек направете јајца. Земете жолт пластелин и направете фигури. Наберете жолто цвеќе, излупете круша и избројте колку жолти автомобили има на паркингот.

 

Имитации

Децата сакаат да бидат како мама и тато, па затоа многу често ги имитираат и на тој начин учат. Иако Ви изгледа досадно на детето да му дадете да брише прашина, тоа нему ќе му биде забавно и поттикнувачки. Купете му метла и лотатче па ќе се чувствува корисно додека ги собира трошките од подот. Подоцна ќе сака да Ве имитира и во други работи и секогаш ќе му бидете добар пример.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
4
Интервју: Татјана Стојановска
Нејзиниот глас денес ги најавува најновите дневни вести на А1. Далеку од телевизиските камери таа е всушност многу сензи...
4
Мамa вели да, тато вели не?!
Kако да го совладате конфликтот во 5 чекори?
4
Урнебесно: Што се случува кога мајката е б...
Една мајка од Хрватска, која со години е преселена, живее и гради кариера во САД, се прослави како победник на натпревар...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?