|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Хуманитарна изложба на отпечатоци

Котиледон продукција, 16.12.2011
Здружението на граѓани со хуманитарна цел - дел за малите - Децимали и Котиледон продукција заедно со Ивце Пивце организираат Хуманитарна изложба на отпечатоци која ќе се оддржи овој викенд (17. и 18. Декември) во Веро центарот од 10 до 20 часот

/21

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Приказната за  детските отпечатоци, овековечени на слика е темата според која се водевме,  додека ја осмислувавме хуманитарната изложба, која оваа година ке се одржи по четврти пат.

Се потекна од една песничка.

Во неа се раскажува за едно мало детенце, кое постојано остава отпечатоци по мебелот и ѕидовите (како и сите деца). Еден ден, детето се враќа од училиште и носи рачно изработена честитка. Таа е подарок за неговиот татко. На предната страна стои нацртан отпечаток од неговата мала рака. Внатре пак, пишува дека еден ден детето ќе порасне и сите мали отпечатоци од мебелот и ѕидовите ќе избледат. Но, ќе остане честитката, за да ги потсетува неговите родители, како точно изгледале неговите  прсти,  кога тоа било многу мало.

Тоа е поентата и на нашата изложба на отпечатоци.

Ова лето, децата учесници на кампот Котиледонија 2011 го сопреа мигот.  Ги овековечија отпечатоците од своите раце. На слики од платно...со маслени бои...во хумани цели.

Уметничките слики, ќе бидат дел од големиот хуманитарен хепенинг кој ќе се одржи во чест на празникот на Дедо Мраз, Св. Никола. Настанот е во организација на Котиледон продукција и Здружението на граѓани со хуманитарна цел, дел за малите – Децимали.

Просторот околу преубавата елка во Веро Центар, е местото каде ќе бидат изложени сликите со отпечатоци. Тука ќе се дружиме два дена 17 и 18.12.2011 од 10.00 до 20.00 часот.

Домаќини сме ние- екипата на Котиледон, заедно со Ивце Пивце и сите деца учесници на нашиот камп, Котиледонија, кој оваа година се одржа по четврти пат.

Очекуваме многу гости, големи и мали кои со купувањето на нашите слики, несебично ќе ги „полнат“ кутиите за донација наменета за децата од СОС Детско село.

 

П.С. Зошто ги одбравме децата од СОС Детско село?

Бидејќи единствено тие, немаат на кого да му ги „остават“ своите отпечатоци.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детски фестивал Чунга Лунга
Ања Ветерова, Иван Раденов и Влатко Лозаноски – И ние растевме со Чунга Лунга!!!
3
Новогодишни пакет изненадувања - прв добитник
Ana Marija е првиот добитник на новогодишен пакет изненадувања.
3
Новогодишни пакет изненадувања - втор доби...
Marija Nikolova-Petreskа е вториот добитник на новогодишен пакет изненадувања.
3
Новогодишни пакет изненадувања - трет доби...
Monika е третиот добитник на новогодишен пакет изненадувања.
3




Анкета

Kozmetika
AnMari

Dali mlekoto za telo sozdava otrovi koi vleguvaat vo majchinoto mleko?

Da (50%)

Ne (50%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!