|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Хуманитарна акција: И јас сум дете

Редакција Рингераја, 17.12.2020
Разговараме со Маргарита Kаранфилов, позната како @mamamegi на чија идеја беше организирана хуманитарната акција "И јас сум дете" во сите градови на Македонија

image
/11


Рингераја: Од каде произлезе идејата за ваква хуманитарна акција и чија беше идејата?

 Мама Меги: Идејата беше моја. Ми излегоа фотографии во телефонот од минатата година каде моите деца беа сликани со новогодишните пакетчиња кои ги собраа од најблиските,и тоа беа сигурно над 20. Првото нешто што ми падна на памет беше , " а некои деца немаат ниту едно пакетче". 

Тогаш првата работа која ја помислив е дека секој може да тргне настрана барем 3 пакетчиња од пакетчињата на своите деца или еден ден да не пие кафе во кафич и со тие 200,300 денари да купи 2 пакетчиња и да ги подари на некои деца кои немаат можности за истото. За детска насмевка и да направиш некој среќен е потребно многу малку. А исто ќе се чувствува и лицето кое донирало,бидејќи ќе даде до знаење на некој дека Дедо Мраз може стварно постои и за нив и дека сите деца се исти.

1

 

Рингераја: Дали сето ова го постигна сама или имаше поддршка/помош од некој?

Мама Меги: Откако објавив стори на мојот инста профил,со прашање "дали некој сака да учествува во хуманитарна акција со новогодишни пакетчиња", бев свесна дека сама нема да можам да постигнам толку многу,а сакав секако да бидат повеќе пакетчиња.

Во инбокс се пријавија многу мајки (на мојот профил претежно се мајки поради таквата содржина),од една страна бев изненадена,од друга не, затоа што знаев дека ние како народ секогаш сме биле хумани и ќе се пријават голем број. Така и беше, секојдневно ми пристигнуваа многу пораки и тогаш сватив уште една работа,дека јас сум од Радовиш,пакетчиња ќе има многу повеќе отколку што ми требат само за мојот град, ама не ми беше познато како ќе оди тоа во други градови.

Прв што ми падна на памет беше @bombakis , сите го знаеме дечкото со картоните. Со него соработувавме претходно на еден негов проект "ширете љубов" што значи веќе имав некаков контакт со него,знаев дека и со големиот број на следбеници па и со позитивната енергија којашто секојдневно ја шири дека ќе ми помогне на некој начин.

Идејата ја споделив со него,се согласи,ми даде поддршка и ми кажа дека нешто планирал и тој во  врска со дечиња па добро се вклопија и двете работи. Тој извади песна со Туте која се вика "Се би дал" и е посветена на сите дечиња, во соработка со модната дизајнерка Ивана Кнез.

Покрај Бомбакис се вклучи и Таше, познат кувар од Гевгелија кој беше задолжен за тој регион.

 

2

Рингераја: Колку пакетчиња собравте и каде се ќе бидат донирани?

Мама Меги:Пораките од оние кои сакат да донират и бројот на пакетчиња секојдневно растеа. Кон организацијата само кај мене се приклучија повеќе од 100 членови.Собравме околу 2000 пакетчиња и истите ќе бидат распределени низ повеќе градови низ државата,околу 18 општини. Конкретно ќе бидат донирани во центри за деца со посебни потреби,деца со попреченост во развојот,деца со аутизам,деца со целебрална парализа и деца без родители.

Дел од пакетчињата беа донирани и во Црвен Крст за да можат тие да ги распределат по социјално загрозени семејства бидејќи поради ситуацијата со ковид 19 беше тешко да бидат донирани лично од наша страна.

Рингераја: На кој начин ќе бидат распределени низ градовите низ цела држава?

Мама Меги: Во секој град најдовме по еден или двајца одговорни кои ќе ги собираат пакетчињата од луѓе кои донираат во својот град и истите тие одговорни најдоа центри за донирање. 

3

Затоа и се заблагодарувам од се срце за поддршката и помошта која ми ја дадоа,бидејќи без нив ништо немаше да направам сама. 

Ви благодарам:

@katanasovska

@despinacareva

@ivana_todevska

@magdalenastoilkovska

@blazeska97

@kikas_lifee

@mama.of.princes.matea

@mother.of.three.daughters

@tina.ilievska

@tanjakostadinovska

@mommybbyl

@toddlereva_activities

@princessbowtique20

@alazarevska

@bojadziskih

Ви благодарам на сите кои учествувавте во организацијата #ијассумдете и пресреќна сум што ќе израдуваме голем број дечиња.

Се надеваме дека ова ќе стане традиција за секоја година и дека ќе ја подигнеме свеста кај сите граѓани да донираат секогаш кога треба и каде што треба.

До следно видување!

 

4

 

 

View this post on Instagram
A post shared by (@mamamegi)

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Маша и Медо ги освоија Битола и Охрид
Викендот што измина стартуваше детскиот едукативен караван “Весела училница со Маша и Медо”. Премиерната изведба на мулт...
4
Апел за помош за Наумоска - Димески Тодорка
Нечии судбини се многу тешки...
3
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2
Соработка со Рингераја
Отворени сме за соработка, доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да не исконтактирате.
2




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?