Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
/11
Денес над Македонија е национална химна на Македонија. Автор на текстот е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски. Напишана е во 1941 година. По завршувањето на Втората Светска војна е усвоена како химна на СР Македонија во рамките на поранешна Југославија, а во 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Македонија.
Со текот на времето текстот на химната претрпел разни промени, при што денес се познати три нејзини верзии- денешната верзија, првичната химна и првата официјална изведена химна која се разликува од првата во само еден ред . Во однос на првичниот текст од 1941 година се изоставени имињата на Никола Карев и Димитар Влахов, а е додадено името на Даме Груев.
Химната на Македонија е напишана од македонскиот автор Владо Малески, во 1941 година а за прв пат се изведува на пречекот на новата 1942 година во Струга во куќата на Сотир Шута. Химната била изведена за прв пат таа вечер каде присуствувале активисти на ослободителното движење на Македонија од Струга и струшкиот регион
Денес сè уште нема официјално објаснение за промените што ги претрпела химната. Имено, првиот текст на химната изведена во Струга во 1941 година имала малку поразличен текст од денешниот особено во имињата на македонските револуционери и еден подоле ред. Така од првичните „...Делчев, Груев, Питу Гули, Карев, Влахов, Сандански“, денес во химната се спомнуваат „...Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“. Нема објаснение ни за заменетиот ред од страна на Кочо Рацин „Од гроб станаа славните ѕидари...“ со „Одново сега знаме се веје...“. Името на Даме Груев за прв пат се вметнува во текстот во стихозбирката „Наши песни“ издадена во 1944, а се избришани оригиналните имиња. Кога се официјализирала химната во 1992 година, меѓу предлозите ја немало старата химна и поради тоа комисијата не била запозната со тоа. За прв пат химната, официјално, била испеана од триото: Никола Бадев, Васка Илиева и Александар Сариевски.
Оригинална верзија
Денес над Македонија
Денешна верзија
Денес над Македонија се раѓа
Ново сонце на слободата!
Македонците се борат
За своите правдини!
Македонците се борат
Одново сега знамето се вее
На Крушевската република!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Горите македонски шумно пеат
Нови песни, нови весници!
Македонија слободна,
Слободно живее!
Македонија слободна,
3
забава Бремените
Автор: bobik
Колку трае нормален менструален циклус?
Менструалниот циклус е важен показател за репродуктивното здравје на ж...
Зошто не чувствувам радост дека сум бремена?
Оваа појава е сосема нормална. Иако општеството често прикажува дека б...
Разлика меѓу обична и базална телесна температура
Телесната температура може да се мери на различни начини и во различни...
Психолошките предизвици при планирање бременост
Кога се зборува за бременост, најчесто фокусот е ставен на физичкото з...
Најчестите причини поради кои бременоста доцни
Доцнењето на бременоста е чувствителна тема за многу парови и може да ...
Дали вашите момчиња си ги допираат?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.