vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Јануари
Јануари белобрад
снежец послал
в село, град.
Пуштил санки,
брзи скии
и ветришта-
лути змии.
Сегде има
ретка глетка,
заслужува
чиста петка.
Студ
Овој студ е многу чуден,
камен пука, јас сум буден
штипе, боцка како шило,
ќе те касне каде било,
најчесто по образ, нос,
каде што си гол и бос.
Кога сечко дува, коси
настинка во џебот носи.
Иако сум многу мал,
носам џемпер, волнен шал,
ракавички топли, ете,
што бабичка ми ги сплете.
А и чизми, со нив шетам,
како птица сегде летам.
Скокам, пеам на сет глас,
не се плашам од студ, мраз.
забава Бремените
Автор: bobik
Кои вредности е важно да ги научи детето уште од мало?
Детството е период во кој се поставуваат темелите на личноста, каракте...
Промена на вагиналниот исцедок
Вагиналниот исцедок е природен дел од женското репродуктивно здравје. ...
Тестови за овулација. Кога и како да ги направите?
Ако планирате бременост, препознавањето на плодните денови може да ви ...
Што се пореметувања на спиењето?
Спиењето е една од основните потреби на човекот и има важна улога во о...
Четирите фази на менструалниот циклус
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело, кој секој мес...