|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Голема донација за СОС Детското село од БиМилк

БиМилк, 25.12.2017
Се одржа големиот предновогодишен хуманитарен базар на рециклирани предмети изработени од децата за децата ширум Македонија

image
/11


 

Во саботата на 23 декември се одржа долго-најавуваниот хуманитарен базар на рачно изработени предмети од рециклирани амбалажи Битолско млеко, чија главна цел беше да се соберат средства за помош на децата од СОС Детско село Македонија.

 

Преку интереснисодржини за децата со повеќе различни активности и Ивце Пивце и Битолското Чупе во главната улога, посетителите на Веро Центарот имаа можност да се забавуваат низ богатата новогодишна програма, а воедно и да го дадат својот придонес кон СОС Детското село, преку купување на некој од предметите кои дечињата од повеќе градови од државата ги изработуваа во своите градинки.

 

„Да се биде хуман е доблест и вистинска човечка вредност што треба да се негува од најмали нозе. Овој голем хуманитарен базар и собраната донација се само мал, симболичен гест дека со малку труд и љубов можеме да сториме многу, меѓутоа ние, како општествено одговорна компанија, и понатаму ја продолжуваме соработката со СОС Детско село, но и да делуваме во насока на помагање на сите социјално ранливи категории граѓани и создавање подоброопштество за сите“, рече Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

 

Проектот „Собираме и ре-креираме со Бимилк“ се реализираше во текот на трите изминати месеци во 12 матични градинки, а за негова непречена реализација поддршка даде и Министерството за труд и социјална политика, што на крајот резултираше со повеќе од 1000 изработени предмети од амбалажи на Битолско млеко.

 

„Министерството за труд и социјална политика секогаш поддржува проекти кои се насочени кон правилна едукација на децата од најмала возраст и кои ги учат на вистинските вредности, за важноста за зачувување на животната средина, но ја поттикнуваат и нивната креативност и нивната хуманост. Битолска млекара е позитивен пример за вистински општествено одговорна компанија во чиј фокус е несебичната поддршка за децата“, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

 

Инаку, покрај собраните средства на самиот настан, од Битолска млекара најавија и дополнителна донација за СОС Детското село, во согласност од нивните потреби.

 

„Со Бимилк имаме навистина прекрасна долгогодишна соработка и тие искрено се солидаризираат со децата згрижени во нашата организација, помагајќи на повеќе различни начини, независно дали има повод или не. Ни претставува голема чест што го организираа овој хуманитарен настан токму за нас и искрено верувам дека сите заедно ќе успееме вистински да ја пренесеме пораката за грижа за заедницата во секој домен од нашето делување“, речеЈулијана Накова Гапо, Национален директор на СОС Детско село Македонија.

 

Во првата година од својата реализација, проектот „Собираме и ре-креираме со Бимилк“ се спроведуваше во Охрид, Битола, Скопје, Кавадарци, Пробиштип, Гевгелија, Куманово и Тетово, а веќе од наредната година ќе ги опфаќа и останатите градови низ Македонија.

 

1

 

3

 

4

 

5

 

6

 

7

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Собираме и рекреираме во градинката Јасна ...
Градинката „Јасна Ристеска“беше домаќин на Битолското Чупе и првата работилница во Охрид за зачувување на животната сре...
2
Даниел Кајмакоски со децата од СОС Детско ...
Предновогодишниот период е времето од годината кога подаруваме љубов, кога споделуваме убави мигови, кога создаваме спом...
2
Финансиски извештај за ДАНУ Филантропија
Финансиски извештај за 2013 година
2
БиМилк и Рингераја наградени за Прегратка ...
Министерството за економија на РМ заедно со националното Координативно тело за општествена одговорност им доделија награ...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?