Од 1. до 7. август е Светската недела на доењето во која се укажува на важноста на доењето, како за бебето така и за мајката
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Со оглед на тоа што во 70-те години на минатиот век Меѓународната заедница се соочи со фактот мајките се поретко да ги дојат своите деца, се остави прашањето за заштита на децата во најрана восзраст и зачувување на нивното право на најдобра, најздрава и најприродна исхрана – мајчиното млеко. Заради тоа Светското здружение за промоција на доењето ја прогласи првата недела во месец август, за Светска недела на доењето, токму заради информирање на јавноста за значењето на доењето.
Во продолжение се 10 чекори за успешно доење, за кои треба да се погрижи секоја установа која дава услуги на родилките и грижа за новороденчињата.
- Да има напишано правила за доење.
- Да се обучи персоналот со вештини потребни за примена на правилата.
- Да се информираат сите трудници за важноста на доењето и да им се дадат основни насоки.
- Да им се помогне на мајките да почнат да дојат по 2 часа по породувањето.
- Да им се покаже на мајките како се дои и како да се зачува млекото, дури и ако се одвоени од бебето.
- На новороденчето да не му се дава никаква храна или пијалок, туку само мајчино млеко, освен ако тоа не е медицински оправдано.
- Да им се овозможи на мајката и бебето да бидат заедно 24 часа.
- Да се поттикнуваат мајките да дојат според потребите на детето.
- Да не им се даваат цуцли лажалки на бебињата.
- Да се поттикнуваат лекарите да основаат групи за доење и да се упатуваат мајките таму при излегувањето од болница.
Тоа се најважните чекори кои треба да ги исполни секое породилиште за да добие статус “Пријател на децата”.
Во продолжение се и 10 совети за полесно доење:
- Доете веднаш по породувањето. Колку порано, толку подобро.
- Мајка со искуство или група за поддршка на доењето можат да ви бидат од голема помош.
- Пијте доста течности.
- Не се откажувајте кога ќе ви биде тешко.
- Поставете си мали цели и решавајте ги чекор по чекор.
- Прифатете помош во домашните обврски од мајка, свекрва, пријателка...
- Првите 6 недели е најтешко. Потоа ќе биде полесно.
- Уживајте во моментите на доењето бидејќи брзо поминуваат.
- Не гледајте во часовникот. Гледајте во вашето дете.
- Опуштете се.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
Фото: Ник Вујичиќ стана татко на близначиња
Ник Вујичиќ, мажот без раце и нозе, од ден на ден сe повеќе го воодушевува светот со својот дух, интелект и желба на исц...
5
Црвено газе
Многу бебиња страдаат од пеленски осип. Со помош на овие совети црвенилото на газето брзо ќе го надминете.
4
Детето се учи додека е мало
Родителите треба уште од мало да го упатуваат детето како треба да се однесува, бидејќи само така убавото однесување ќе ...
4
Добро и лошо кај малите бебиња
Малите бебиња се најдобри! Едноставно најдобри! Таа насмевка! Тој мирис! Тој сладок звук! Но се си има свои позитивни и ...
4