namesp во 10:12
Детето се учи додека е мало
Редакција Рингераја, 4.5.2010Децата почнуваат да ги учат правилата на однесување уште додека се бебиња, иако родителите често и не се свесни дека ги учат на тоа.. Кога, на пример, бебето со добар апетит ја гризне мајката додека цица, таа реагира на болката и е изненадена на своето бебе. Ќе го тргне од дојката и можеби ќе го искара. Иако се обидува да го оправда однесувањето на своето бебе, таа сепак го научила бебето да почитува друго лице. Кога бебето учи на овој начин, правилата се поставени и околу нив нема спорови.
Во текот на втората и третата година од животот поважно е детето да совлада некои вештини, на пример самото да се храни, отколку да учи убаво да се однесува, што од него ќе се очекува подоцна. Но веќе во 4тата и 5тата година детето се идентификува со возрасните и прифаќа се што ќе види дома. Ќе почне со салвета да ја брише устата по јадењето, ќе се извини ако мора да стане од масата пред да го заврши ручекот, се разбира доколку тоа го прават и возрасните. Во тој период детето чувствува силна желба да ги имитира другите.
Правила на однесување
Околу 4тата година поголем број од децата се подготвени да се запознаат со извесни правила на друштвено однесување. Ако детето се однесува онака како што сте го подучувале, пофалете го, но не претерувајте. Вие само сте му рекле што очекувате од него и од тоа не треба да правите проблем. Ако не било во состојба да ги следи вашите упатства не лутете се. Едноставно кажете му дека очекувате од него да се однесува онака како што сте му рекле. А како и другите вообичаени норми и убавото однесување може да стане добро вкоренета навика.
Примерот - најдобра поука
Во 4тата и 5тата година детето повеќе од кога било е свесно за физичката разлика меѓу луѓето. Ако, да речеме на улица, види слепо лице, или ќе му биде непријатно или премногу впечатливо ќе се однесува. Ослободете го од стравот и кажете му како треба да се однесува. Убавото однесување се учи постепено во текот на годините, на прво место со давање пример. Ако велите: „молам, благодарам, извинете“ на своето дете и на другите луѓе околу вас, ако се поздравувате кога ќе се сретнете со познати, детето ќе го прифати вашето однесување како свое. Наскоро детето ќе научи дека пристојното однесување не само што му ги олеснува односите со другите луѓе, туку му помага да се снајде во ненадејни и непријатни ситуации.
Кога детето ќе се научи убаво да се однесува без притисок на родителите, тоа ќе биде гордо што ја совладало таа вештина. Најважно од се е детето да биде сигурно дека пристојното однесување - покрај тоа што ќе му помогне да се здобие со вниманието и симпатиите на другите- е нешто со што треба секогаш да се служи.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Уште пред да го доведете бебето од болница дома, ќе треба да донесете една многу важна одлука - каде ќе спие. Во кревет,...

Вежби кои со дозвола на лекар можат да се прават следниот ден по породувањето со цел да го вратат телото и организмот во...
