|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Разбирливо е колку децата денес сакаат да гледаат телевизија, но родителите се тие кои мораат да ги надгледуваат и до одреден степен да ја ограничат телевизијата. Да видиме какво влијание има телевизијата на предшколските деца.
Клучни зборови:

image
/11


Живееме во третиот милениум, во време на медиуми, кои секој ден ги има се повеќе. На детското однесување, покрај родителите и пошироката фамилија, исто така значајно влијае сеуште најпопуларниот медиум: телевизијата. Знаете веќе: Телетабиси, Симпсонови и слични работи. Најверојатно и вашите деца се воодушевувале гледајќи некоја од хумористичните серии или сапуници, кои не се наменети за деца.

Разбирливо е дека секое дете сака да гледа телевизија, но токму родителите се тие кои може да го надгледуваат и до некоја мера да го ограничат неговото однесување. Да видиме како телевизијата може да влијае на дете на претшколска возраст. Можеби некогаш сте го надгледувале вашето дете кога погледот му бил „прилепен“ за екран. Изгледало како тогаш да е во некој друг свет: зјапа во екранот, внимателно следејќи ги случувањата на него, не обрнувајќи  внимание на околината. Ако тогаш се обидеме да го привлечеме неговото внимание, можеме да наидеме на многу бурна реакција, дури и плачење.

Мислењата на психолозите се дека гледањето телевизија за дете на претшколска возраст е физички многу напорна активност. Тогаш му се напнати сите мускули, забрзана му е работата на срцето, а телото му е пасивно. Вбројани се и сите телесни и умствени процеси кои доведуваат до некаков стрес, вознемиреност, што за детето е посебно напорно. Секако се работи за многу интензивно доживување, кое дете на претшколска возраст може да го поднесе само во мал обем.

Покрај физичкото влијание на развојот на детето, не смееме да го занемариме ни влијанието на телевизијата на психичкиот развој. Кога детето ќе наполни три, четири години, веќе е способно многу добро да ги надгледува возрасните околу себе и да го имитира нивното однесување. Од тоа можеме да заклучиме дека е исто така способно да се поистоветува со TВ јунаците, посебно со оние популарните и исто така да го имитира нивното однесување. Тоа што детето го гледа на телевизија може да му биде пример - на пр. гледање на емисии со насилна содржина, може да предизвика насилно однесување на детето, иако сеуште не разбира зошто. Исто така емисија со ненасилна, пријатна тема, влијае на неговото однесување - во тој случај во позитивна смисла.


А што е со рекламите?  

Најверојатно секој би се сложил со мислењето дека денеска апсолутно има премногу реклами.... Децата се идеална целна група на маркетинг агенциите, посебно оние кои рекламираат играчки, или слатки, затоа што со рекламата најлесно „продира“ во детската психа и создава желба за некој производ. Со последиците од таквите реклами најверојатно веќе сте се сретнале. 

Се разбира, тука се и секакви „ТВ бум-ови“, серии кои помеѓу децата наидуваат на многу добра реакција и некое време се вистински хит. Во градинките пред некое време Телетабиси беа вистински бум. Децата ги обожуваа, разговараа за нив, за време на маскембали се облекуваа во такви костуми... Телевизијата има на некој начин и социјална улога во развојот на детето. Денешното дете мора да знае кои се Телетабиси, мора да ги знае моменталните телевизиски трендови, во спротивно може да му се случи другите деца да го игнорираат.

Затоа гледањето на телевизија не можете да го забраните, но можете, односно морате, да го ограничите. Никогаш не употребувајте ја телевизијата како „автоматска воспитувачка“, без разлика колку сте зафатени, затоа што на тој начин можете да му наштетите на своето дете во развојот. Пробајте да одредите точно време кое дневно ќе го намените за гледање на телевизија и проверувајте ја содржината на емисиите кои ќе ги гледа вашето дете. Најдобро од се е некои од тие емисии да ги погледнете заедно со вашето дете. Тогаш можете да гледате и емисии кои инаку не се наменети за деца и може да содржат и малку насилство (добар пример се акциони филмови), но битно е да знаете таквите работи на детето да му ги интерпретирате на соодветен начин. 

На детето не можете да му ги затворате очите пред насилство, затоа што со него ќе се сретне порано или подоцна, но можете да му објасните за што всушност се работи кога станува збор за насилство, како може животот без насилства да биде поубав и на крај, како да се заштити од него. Тука телевизијата може дури и да ви помогне.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Happy Stap Photography: Андреа
Галерија на професионални фотографии: Happy Star Photography
4
И Вашето дете пцуе?
Може прилично да Ве шокира кога ќе чуете дека Вашето дете пцуе. Се прашувате каде и од кого слушнало такво нешто и дали ...
3
Нова епизода на „Кој кого расте“ на Телма ТВ
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водител е Зорица Црношија во недела на 21.04.2013 во 10.20...
3
Здрави навики за ладните зимски денови
Зима, период кога пред се имаме чести температури под нулата, а ние мораме да најдеме начин адекватно да се загрееме и д...
3