Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Родителите често имаат проблеми кога одлучуваат која играчка би ја купиле на детето. Со купување на играчките многу родители ги изразуваат сопствените желби – одговараат на детето во себе и купуваат она што им се допаѓа ним. Родителите кои на детето му купуваат играчки за кои уште не е зрело, на тој начин ја изразуваат својата амбициозност и стремеж детето да биде натпросечно. Не само што детето не знае што да прави со таква играчка, туку подоцна, кога ќе биде зрело за неа, нема да ја прифати со интересирање. Од друга страна, на тоа дете му недостасуваат играчки соодветни на неговата возраст.
Се поставува прашањето - насилна играчка: да или не?
Најверојатно многу родители се прашуваат за користење на насилни играчки, како што се пиштоли, лак и стрели, накратко, играчки кои во игра често ги избираат момчињата. Се прашувате дали треба да му допуштите на детето да игра со такви играчки или не.
Тука е најважна правилната одлука на родителите кои купуваат играчки. Значи, важно е родителите да се запознаени со функцијата на играчката пред да ја купат. Мораме да знаеме што сакаме да постигнеме со таа играчка, која е „целта на играњето“, затоа што знаеме дека играта е важна развојна активност низ која детето развива способности, чувства и вештини. Треба да имате на ум дека детето низ игра учи и развива свој однос кон околината. Мислењата на познатите истражувачи се дека детската игра треба да се разбере како најсериозна активност. Вклучете се во игра.
Повеќето од игрите претставуваат задоволување на стремежот за поседување, доминација, победа, успех, љубов, но неретко се тука и негативни страни на тие стремежи, како што се љубомора, завист, желба за несреќа на партнерот во играта. Кога родителите ќе ги препознаат тие негативни страни во играта, најчесто без причина се плашат за детската деструктивност. Тогаш се препорачува нивна активна улога, т.е. разговор со детето.
Насилна игра или играчка?
Често се случува по играње со насилна играчка да следува насилна игра, но не е секогаш така. Детската игра може да биде насилна и без употреба на таканаречени „насилни играчки“, на пр. кога детето игра некоја насилна игра со топка, рекет, и сл. (со рекетот може да удри друго дете по глава). Загрижувачка е, значи, насилна игра, а не во толкава мера насилна играчка, и затоа треба вниманието да го насочиме во начинот на играње. Со детето разговарајте за тоа! Доколку на детето му купите „насилна играчки“, морате да му објасните зошто е опасна, зошто воопшто сте му ја купиле и дозволиле да игра со неа, кога се знае дека е опасна. Интересна идеја е на детето да не му купиме пиштол, туку заедно со него да го направите од дрво, и патем да разговараме за проблематиката на оружјето.
Во случај детето да сака да игра само со такви играчки, наспроти нашето убедување да игра со други играчки, треба за совет да се обратиме на психологот во градинка или некоја личност со слично занимање. Такво дете најверојатно има добра причина за такво однесување, на пр. некоја траума. Таква игра во одредена фаза од развојот на детето е потребна, но треба да се внимава со неа да не се претера.
Се на се, најважен е односот на родителите кон своето дете и неговата игра. Истражувањата покажуваат дека родителите во западната култура го изгубиле контактот со детската фантазија во играта. Изненадувачки е фактот што во време во кое знаеме многу за важноста на играта за детето, на децата им купуваме што повеќе играчки за да им помине времето, а самите, за жал, немаме време да се вклучиме во играта.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Улогата на нежната масажа кај бебињата
Нежната масажа кај бебињата е повеќе од пријатен момент за вашето бебе...
Мирисот на бебе, меморија што никогаш не бледее
Постојат спомени што ги носиме како слики, други како зборови, а некои...
Брзо темпо на живот и нередовни оброци
Современиот начин на живот често подразбира постојана брзање, многу об...
Како правилно да го четкате првото забче кај бебето?
Појавата на првото забче е важен момент, но истовремено и почеток на р...
Хипертиреозата, односно зголемената активност на штитната жлезда, е со...
Кофеин за време на бременост.
пеперутка16
Дали е здраво да се пие многу кофеин за време на бременост, дали влијае на здравјето на бебето? Колку кафе мислите дека е „дозволено“ да се пие дневно за време на бременост?