|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Децата од СОС Детско село летуваа во Италија

Редакција Рингераја, 6.9.2013
Четириесет деца, од СОС Детско село, кои летуваа во летниот камп Калдонацо, Италија се вратија збогатени со нови искуства и знаеања. Тие ја претставија Македонија како земја на мир, љубов и пријателство

image
/11


 

 

„Децата од СОС Детско село Македонија, својата земја ја претставија како Каледонија, земја на мирот, љубовта и пријателството. На оваа презентација учесниците во кампот имаа можност да пробаат македонски специјалитети како ајвар и сирење, освежувања, сокчиња и слично додека возрасните имаа можност да пробаат македонско кафе. Се делеа бесплатни прегратки и сите учесници имаа можност да го потпишат манифестот за мир, љубов и пријателство. Горди сме да истакнеме дека нашата презентација беше една од најпосетените и добивме многу позитивни критики“, изјави Јулијана Гапо, директор на СОС Детско село во Македонија.

 

Скопје (03.09.2013) - Четириесет деца, од СОС Детско село, кои летуваа во летниот камп Калдонацо, Италија се вратија збогатени со нови искуства и знаеања. Тие ја претставија Македонија како земја на мир, љубов и пријателство. Патувањето кое беше овозможено од ланецот на продавници Техномаркет и брендот Индесит, е исклучително важно и корисно за децата од СОС Детско село Македонија.

Децата имале можност да бидат дел од сите интерактивни и спортски активности кои се случувале во кампот, остварувајќи солидни резултати на секое поле. Една од актвностите на децата беше да фантазираат и да претстават замислена земја.

 

„Децата од СОС Детско село Македонија, својата земја ја претставија како Каледонија, земја на мирот, љубовта и пријателството. На оваа презентација учесниците во камапот имаа можност да пробаат македонски специјалитети како ајвар и сирење, освежувања, сокчиња и слично додека возрасните имаа можност да пробаат македонско кафе. Се делеа безплатни прегратки и сите учесници имаа можност да го потпишат манифестот за мир, љубов и пријателство. Горди сме да истакнеме дека нашата презентација беше една од најпосетените и добивме многу позитивни критики“, изјави Јулијана Гапо, директор на СОС Детско село во Македонија.

За Техномаркет не е прв пат да се вклучи во ваква хумана активност која е од големо значење за развивање на компанијата и исполнување на целите според кои се раководи.

„На наше огромно задоволство, сонот на дечињата од СОС Детско село, се претвори во реалност. Фактот што заедно со брендот Индесит успеавме да придонесеме кон исполнување на нивната желба, н? прави особено среќни, а воедно и ентузијасти за да продложиме со ваквите акции и да ја разубавуваме реалноста која ги опкружува. Целиот овој проект, за нас претставува поттик, за да се насочиме кон реализирање на целта според која се раководи нашата компанија – да помагаме во заедницата од која и самите сме дел“ – изјави Марија Ристовска, маркетинг менаџер во Техномаркет. 

Калдонацо е камп каде секоја година летуваат многу деца од СОС Детските села ширум Европа.

„Ова летување беше едно прекрасно и поучно искуство за децата, а уште и забавно, интересно, полно со активности и одличен начин да ја претставивме нашата земја, нашата работа и нашата мисија. Секој ден беше исполнет со многубројни активности, натпревари и претставувања од страна на децата, што им овозможи постигнување големи идивидуални и колективни успеси во спортови и други рекреативни и културни активности. Ние сме им неизмерно благодарни на Техномаркет и брендот Индесит за ваквата хумана мисија и се надеваме дека и во иднина заедно ќе ги исполнуваме соништата на децата од СОС Детско село“ – додаде Гапо.

 

 1

 

2

 

3

 

4

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Одбележан 2-ри април, светскиот ден на аут...
Среда, 2-ри април, светскиот ден на аутизмот – овој посебен ден беше исполнет со значајни настани!
3
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2
Соработка со Рингераја
Отворени сме за соработка, доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да не исконтактирате.
2
Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?