|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

БИЦ ги дарува децата

BIC®, 27.3.2014
Големиот француски производител на училишна опрема ги израдува децата – штитеници на Институциите за заштита на децата во Република Македонија
Клучни зборови:

image
/11


 

Француската компанија БИЦ (BIC: www.bicworld.com), која во сопствената голема производна и услужна палета нуди високо квалитетен училиштен прибор за најмладите (дрвени боици, фломастери, моливи и гуми, пенкала во најразлична боја...), донираше пакети производи на дечиња во неколку образовни Институции. Акцијата за дарување е организирана во Институции за заштита на децата: Посебните основни училишта „Др.Златен Сремец“ и „Иднина“, Завод за згрижување, воспитување и образование на деца и младинци „Ранка Милановиќ“  и Центарот за рехабилитација- Скопје, како и во Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ во Битола, ПОУ „Климент Охридски“- Ново Село, ЗЗР „Бања Банско“ – Струмица и ПОУ „Маца Овчарова“ - Велес.

 

Целта на акцијата е да се подигне јавната свест за поддршка и помош на оваа група на деца и младинци и да се потенцира нивната еднаквост во општеството. Со тоа, компанијата сака да покаже дека без разлика на статусот на децата, тие имаат еднаква инспирација, желба и мотив - како да се изразат преку цртање, боење и пишување.

 

„Се надеваме дека со употреба на нашите производи децата ќе бидат во уште поголема можност за изразување на својата креативност преку изработка на цртежи и пишување. Истовремено, веруваме дека оваа соработка нема да заврши сега, туку и понатаму во координација со овие и други центри за образование, образовни институции и училишта ќе организираме и други настани за дополнителна едукација на нашите најмили“, изјавија од компанијата БИЦ (BIC).

 

Со почит,

БИЦ                                                                                                                                       

Скопје, 26.03 2014

 

 

За компанијата:

Компанијата БИЦ (BIC®) е основана во Франција во 1946 година од Маркел Бик. BIC® производите овозможуваат лесни одговори за секојдневните потреби. Во креирањето на својот прв производ BIC® Cristal® пенкалото, BIC® создаде нешто едноставно, сигурно, за леснотија во секојдневната употреба . Компанијата исто така нуди и цела палета на високо квалитетни производи за боење специјално дизајнирани за деца.

 

Компанијата BIC ® е застапена во 160 земји, на секој континент,  и нудат производи во рамките на 3.200.000 малопродажни места. Своето интернационално присуство го претставува со преку 9.200 вработени во целиот свет.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
5
Животот на вашите ФБ пријатели е подобар? ...
Фејсбук понекогаш може да биде депресивен, бидејќи сечиј живот изгледа подобар од нашиот. Но дали навистина е така?!
3
Вечерва Тамара Тодевска настапува на Евров...
Светски познатото списание Billboard ја вброи „Proud“ на Тамара Тодевска меѓу песните кои имаат потенцијал да го освојат...
3
8-годишно девојче ја породи мајка си
8 годишната Јасмин Мекини, се јавила во итната служба 911, кога водењакот на нејзината бремена мајка пукнал. И мајката и...
3




Анкета

/
Jana9

Dali blagoto im gi rasipuva zabite na malite decinja?

Da (50%)

Ne (0%)

Mozebi (50%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!