|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

7 чекори до здрава бременост

Редакција Рингераја, 3.1.2024
Со цел Вашата бременост и породувањето да поминат без никакви компликации, земете го во предвид Вашето тело пред да останете бремени

image
Фото: Freepiк
/11


Направете систематски преглед


Дури и ако сметате дека сте потполно здрави, би требало да направите лабараториски испитувања на крвта и анализа на урината, како и да ги исконтролирате забите.

Доколку боледувате од хорнични болести како што се дијабетес, астма, епилепсија и висок крвен притисок, консултирајте се со Вашиот лекар за тоа кои прегледи треба да ги направите.

Овие болести не се препрека за бременост, но потребна е прилагодлива терапија, постојан надзор на лекар кој внимава на основното заболување и гинекологот – акушер за високо-ризична бременост.

 

Испитајте ги репродуктивните органи

Направете еден ПАП-тест, цервикален и вагинален бактериолошки брис, потоа и брис за хламидија и други микроорганизми кои може да бидат причина за неплодност или кои го зголемуваат ризикот од екстраутерина бременост и проблеми со развојот на плодот.

Побарајте да Ви биде направен и колпоскопски преглед на грлото на матката кој заедно со ПАП-тестот е соодветен показател за здравјето на грлото на матката, како и ултразвучен преглед на репродуктивните органи кои би ја покажале состојбата на матката и јајниците. Доколку Вие или Вашиот партнер во минатото сте имале некоја полова болест, за тоа задолжително известете го гинекологот.



Прекинете со користење на контрацепција

Прекинете со користење на хормонски пилули и оставете да поминат барем два циклуса пред да се обидете да затруднете.

Ова не е задолжително, бидејќи до нормална бременост доаѓа веднаш после прекинот на земањето на контрацептивите, но ако веќе планирате бременост, обезбедете си себе си, неколку нормални циклуси.

Кога циклусот ќе Ви се стабилизира, полесно би Ви било да забремените бидејќи попрецизно би ги предвиделе плодните денови, како и терминот за пораѓање.

Во контекст на ова – внимателно со лековите! – Постои општо правило дека во периодот пред и во текот на бременоста не би требало да се земаат никакви лекови на своја рака. Доколку сте на некаква терапија, поразговарајте со Вашиот лекар за тоа какво влијание лекот може да има на Вашата бременост. На пример, после терапија со лекови против акни – со препарати од групата на изоретиноините, не смеете да затруднете барем 2 години. Доколку сте пиеле некој лек пред да дознаете дека сте бремена, важно е да го известите лекарот за видот, количината, дозата и комбинацијата на лековите, како и за времето на земањето на лекот.



Заштитете се од заразни болести

Доколку не сте прележале рубеола или варичела, вакцинирајте се пред бременоста. Доколку во било кој случај сте изложени на поголем ризик поради контакт со крв, задолжително вакцинирајте се против хепатитис Б.

Со вакцинирањето се намалува ризикот од инфекција за време на бременоста која понекогаш е опасна за плодот, но од вакцинацијата до обидот на затруднување мора да поминат најмалку 3 месеци.



Не заборавајте на фолната киселина

Доколку планирате бременост, барем три месеци пред да останете бремени треба да земате 5мг. фолна киселина на ден. Овој витамин е неопходен за правилен развој на нервниот систем на плодот и за создавање на црвените крвни клетки.
Нејзиниот недостаток во некои случаи е причина за настанување на вродени маани на плодот – дефект на невралната цевка – спина бифида, која доведува до смрт или тежок инвалидитет на детето.



Доколку е потребно, ослабете


Доколку имате вишок на килограми, би требало да ослабнете пред да се одлучите на бременост. Гојазноста, всушност, го зголемува ризикот од зголемен притисок и зголемување на шеќерот во бременоста.

Меѓутоа, гојазноста понекогаш е знак и за полицистични јајници, ретки овулации, проблеми кои треба да се корегираат пред бременоста. Поради тоа закажете преглед кај ендокринолог со цел да ги проверите хормоните на штитната жлезда и јајниците.


Отфрлете ги штетните навики

Алкохолот, цигарите и кафето се лоши навики од кои треба да се ослободите пред бременоста. Докажано е дека децата на мајките кои пушеле за време на бременоста имаат мала телесна маса, па подоцна во животот се склони кон развој на белодробни и алергиски заболувања.

Што се однесува до кафето, агенцијата за стандарди во исхраната препорачува максимален внес до 300мг. кофеин на ден, т.е. максимално околу 3 шољи. Претерувањето со кафето во некои случаи предизвикува контракции, раздразливост, зголемување на притисокот, несоница, па дури и спонтан абортус. Во периодот кога се обидувате да зачнете, избегнувајте го алкохолот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интраутерина инсеминација
Интраутерината инсеминација е постапка при која спермата се промива, концентрира и директно се вбризгува во матката на ж...
4
За оние кои ги чекаме...
Вистински приказни
4
Кога вие двајца мислите да имате бебе?!
Прашањата како “Кога вие двајца мислите да имате бебе?” или “Како напредуваат обидите да добиете бебе”, можат да бидат т...
4
Може да влијаете на полот на бебето?!
Овој гинеколог тврди дека може да се влијае на полот на идното дете
4




Анкета

Симптоми на породување.
пеперутка16

Кои беа вашите последни симптоми пред породувањето тој ден или ден или два пред тоа? Дали сте имале некакви симптоми?