|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Развојни фази

Самостојност
Детето почнува да се осамостојува, свесно е за своите способности, така што може да ја одбива Вашата помош, бидејќи сака се само да направи. При хранење ја држи лажицата и сака само да јаде (секако, ќе направи мал неред, затоа заштитете ја облеката и подот) Само пие од шишенце, а со мала помош може да пие од чаша.

При облекувањето Ви помага така што ги подава рацете и ви помага да ги вовлечете во ракавите. Исто така ги држи нозете кога му облекувате чевлички. Притоа самостојно седи,а некои деца при облекувањето и самостојно стојат.

Игра

Дете со наполнети 10 месеци е многу спретно во фаќање на предмети, дури и поситни. Во уста не ги става толку често. Играчките ги дели со најблиските, ги дава доколку ги побарате, а понекогаш и спонтано. И понатаму ужива во буката која настанува со удирање на предмет од предмет, како и фрлање на играчките и другите предмети на подот. Бидејќи разбира дека предметот постои, иако моментално не го гледа, детето може да најде потполно сокриена играчка. Со показалецот покажува на работи кои го интересираат.

Први чекори

Кога доенчето ќе го совлада стоењето со потпора, тоа толку го обзема што се друго е во втор план. Сака да вежба стоење и тоа може да трае многу долго. Нозете веќе можат да ја носат неговата тежина, а повеќе проблеми му предизвикува рамнотежата. Кога ќе го совлада стоењето, за неколку седмици ќе се охрабри и ќе почни да стои со Ваша помош. Со вежбање ќе се чувствува сигурно и ќе му порасне самодовербата.

Движење

Поттикнете ја детската желба за движење, затоа што со тоа ќе му всадите нови навики за секојдневни физички активности.

Поттикнете го да лази така што ќе му ја ставите омилената играчка подалеку од дофат на раката. За да ги избегнете непотребните повреди отстранете ги сите потенцијално опасни, или драгоцени предмети, заштитете ги штекерите, затворете ги вратите, не употребувајте чаршави за маса и осигурајте го приодот кон скалите. Ако времето е убаво, а имате двор, тревата е одличен и најсигурен простор за лазење. Нормално, во Ваше присуство.

Говор на доенчето

Брборењето на десетмесечно дете се повеќе личи на говорот на возрасните. Детето сега употребува се повеќе различни слогови, имитира интонација и нагласува слогови. Иако не знае да изговара вистински зборови, доста зборови разбира. Го препознава своето име и имињата на членовите на семејството (мама, тато, тета, баба, дедо) го разбира значењето на зборовите НЕ и ПА-ПА.

Во овој период многу деца со поглед, а некои и со прст, ќе покажат на именуваниот предмет (ако го прашате каде е светлото, или каде е мачката на пр.) Детскиот речник може да го збогатите читајќи му книги. Пазете да не употребувате искривени и скратени зборови и пуштете го детето да зборува.

Доенчето се учи и се обидува да комуницира имитирајќи ги родителите. Вашата фацијална мимика и тонот на Вашиот глас ќе му помогнат да одлучи дали да направи нешто или не (нпр. кога ќе се обиде да го дофати ножот на маса). Сега го разбира зборот НЕ, иако не го почитува секогаш. Битно е одлучно да стоите зад забраната и зборот НЕ да го изговарате сериозно и одлучно. Никогаш притоа не смејте се.

Влијание на самосвеста
На детската самосвест значајно влијаат односите со најблиските. Ако на детето му искажувате љубов и се грижите за него, со тоа му помагате да изгради позитивна свест за себе. Дајте му до знаење дека Ви е важно и дека е посебно. Тоа може секојдневно да му го искажувате со внимание, заедничка игра, нежна насмевка

Прочитајте уште

Моето доенче
Развојни фази
Исхрана
Спиење
Здравје и нега
Добро е да се знае
Си играме



Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?