Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Ве боли грбот? Не грижете се, уште малку па Вашето дете ќе прооди...
Во овој период треба да почнете да го воспитувате и да го учите на ред детето. Иако детето го разбира значењето на зборчето НЕ не очекувајте дека секогаш ќе ве послуша. Многу е важно кога детето ќе го опомените дека нешто не знае и ќе го употребите зборчето НЕ, да останете сериозни и после тоа да не попуштате. Ако се смеете додека изговарате забрани и ограничувања, тие зборови ќе изгубат смисла.
Во дванаесеттиот месец детето за трипати ја зголемува родилната тежина. Од раѓање до сега ќе порасне вкупно 25 cm.
Однос кон врсниците
Детето сака да биде во друштво со најблиските и е весело ако му се придружите во играта. Сеуште не знае да си игра со други деца. Деца со наполнети единаесет месеци можат да си играат едно покрај друго, но секое за себе. Тоа не значи дека не може да дојде до кавга. Детето не разбира дека не може да ја има играчката со која си игра другото дете, бидејќи сеуште не знае да ги дели играчките со друг. Концентрирано е само на себе и на своите желби и потреби. Сеуште не ги разбира чувствата на другите луѓе.
>>
Повеќе
На единаесет месечно бебе, освен мешовитата исхрана потребни му се уште два млечни оброци дневно. Ако не го доите, препорачливо е да користите млечна формула. По првиот роденден, на детето можете постепено да му воведувате неприлагодено полномасно кравјо млеко.
>>
Повеќе
Алергија на храна
Под поимот алергија на храна мислиме на сите алергиски реакции кои ги предизвикуваат алергените во храната. Најчести продукти кои предизвикуваат алергиски реакции кај децата се кравјо млеко, соја, јајца, кикиритки, ореви, лешници, јагоди, чоколадо, риба и останати морски плодови.
>>
Повеќе
При крајот на првата година доенчињата спијат ноќе се подолго, се поретко се будат, а се почесто заспиваат сами. Сеуште им е потребна уште една дремка во текот на денот.
>>
Повеќе
Пофалба или казна
Некогаш воспитувањето воглавно се базирало на казнување, а денес се повеќе на наградување и пофалба за добро однесување. На детето многу повеќе му значи Вашето внимание и пофалба. Обидете се да му бидете добар пример, затоа што детето најмногу учи од односот на родителите. Исто така не плашете се дека ќе го разгалите, ако му покажете дека го сакате. Секако, треба да му поставите јасни граници и на тој начин да му покажете што смее, а што не смее. Кога детето нема да Ве послуша, објаснете му зошто не смее да го прави тоа. Потсетете се дека детето не го прави тоа намерно и немојте лутината да ја исфрлате на него затоа што само ќе го уплашите.
>>
Повеќе
Прослава на првиот роденден
При крајот на првата година повеќето родители се радуваат на прославата на првиот роденден. Кога ќе го планирате тој важен ден помислете и на тоа дека Вашето дете нема да се чувствува убаво ако на неговата забава има премногу луѓе. Обидете се да се ограничите на луѓе кои детето добро ги познава, значи на блиските членови од семејството и само неколку најдобри пријатели. За големи роденденски прослави ќе имате прилика следните години. При планирањето на забавата поведете сметка на времето за одмор на детето. Забавата нека биде во време кога детето е наспано и сито. Сите поканети предупредете ги да бидат точни, затоа што забавата не може да се развлече цело попладне. Тоа би било пренапорно за вас и за детето. Важен е и составот на менито, за децата е непримерен чипсот, оревите и слично. Изберете торта која може да ја јаде и славеникот (забавата му е наменета нему) Наместо преблага чоколадна торта изберете овошна торта.
>>
Повеќе
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Детството е периодот кога учиме да го разбираме светот и сето она што ...
Црвени дамки, чешање и оток, појавата на осип кај детето може да изгле...
Чувство на вина кај новите родители
Родителството често се прикажува како врвно исполнување, како момент н...
Зошто бројката на вагата не е најважна?
Колку повеќе навлегуваме во светот на фитнесот и здравјето, толку пове...
Пелтечењето е пореметување на говорот кое се јавува кај околу 5% од де...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: