|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Возраст на вашето дете: 10 месеци


Како времето брзо лета!

Детето почнува да се осамостојува. Свесно е за своите способности и затоа почнува да ја одбива Вашата помош, затоа што сака се да направи само. Сеуште не успева да направи се што сака, што често ќе го манифестира со немир и лутина. Во оваа возраст се појавува и тврдоглавоста.

Детето кое се чувствува сигурно покрај родителите, во секоја нова ситуација ќе бара помош од нив. Ако родителите реагираат со страв и загриженост и детето ќе биде уплашено и ќе заплаче. Детето кое има доверба во родителите и со нив има топол и добар однос, ќе развие здрава самодоверба и ќе знае да се цени. Тоа ќе му помогне да се соочи со предизвиците во животот и ќе му овозможи добро да се разбира со луѓето околу себе.


Развој на детето: Моето доенче


Растот е повторно намален, во 11 месец доенчето добива околу 70-80 грама неделно и расте приближно 1,2 cm.


Развој на детето: Развојни фази


Самостојност
Детето почнува да се осамостојува, свесно е за своите способности, така што може да ја одбива Вашата помош, бидејќи сака се само да направи. При хранење ја држи лажицата и сака само да јаде (секако, ќе направи мал неред, затоа заштитете ја облеката и подот) Само пие од шишенце, а со мала помош може да пие од чаша.

>> Повеќе


Развој на детето: Исхрана


Доенчето треба да се обиде да јаде само
На доенче старо десет месеци покрај мешовитата исхрана потребни му се уште барем два млечни оброци дневно т.е мајчино или адаптирано млеко (неприлагодено млеко немојте да му нудите пред наполнета 1 година).

>> Повеќе


Развој на детето: Спиење


Десетмесечно доенче ноќе спие околу 10-12 часа и потребни му се уште 2 двочасовни дремки во текот на денот. Повеќето доенчиња спијат и по 5-6 часа без прекин, многу од нив се будат 1-2 пати во текот на ноќта. Некои (приближно една десеттина) се будат и почесто.

>> Повеќе


Развој на детето: Здравје и нега


Заби
Помеѓу 6. и 12. месеци, кога на детето ќе му израсне првиот заб, можете да посетите заболекар кој ќе ве посоветува во врска со правилната исхрана и хигиена и ќе ве предупреди што не треба да правите. Забите почнувате да ги чистите штом ќе пораснат. На почетокот користете мека крпа или газичка која ја натопувате во вода и ја обвиткувате околу прстот, или можете да користите гумен напрсток. Подоцна почнуваме да користиме четкица за заби за бебе, но без забна паста (повеќе за тоа прочитајте во претходните месеци).

>> Повеќе


Развој на детето: Добро е да се знае


Безбедност на детето
Кога детето е способно самостојно да ја истражува околината (макар тоа да биде со лазење, со помош на дубак, или со самостојно движење) брзо може да западне во проблеми, па дури и да го загрози својот живот. Децата во развиените земји умираат пред се заради повреди или труење. Меѓу причинителите на смрт на прво место се сообраќајните несреќи. Чести причинители се гушење, самоповредување, паѓање, труење и разни удари.

>> Повеќе


Развој на детето: Си играме


За поживи деца
Доенчињата обожаваат поживи игри како што се јавање на грб, нишкање на нозе и секогаш одговараат со гласна насмевка. Сега е вистинско време детето да го запознаете со топка, ако не сте го сториле тоа. Нека биде мека, по можност од платно. Со неа можете да играте, или да му ја сокриете и фрлите на другиот крај од собата, а доенчето да ви ја донесе назад. Детето сеуште најмногу ужива во гласните игри. На располагање нека му бидат тенџериња и капаци по кои детето може да удира со дрвена лажица, а во различните звуци неизмерно ќе ужива. Покажете му како да стави мал предмет во тенџерето и како да го извади. Пазете тие предмети да не бидат премали.

>> Повеќе


Дали сте знаеле?


Додека спие бебето преработува и усвојува се што научило додека било будно, бидејќи во моментот немало време да ги преработи сите нови информации.

Слична содржина


Претходен период: Возраст 9 месеци
Следен период: Возраст 11 месеци



Слични артикли: