Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
На единаесет месечно бебе, освен мешовитата исхрана потребни му се уште два млечни оброци дневно. Ако не го доите, препорачливо е да користите млечна формула. По првиот роденден, на детето можете постепено да му воведувате неприлагодено полномасно кравјо млеко.
Придржувајте се на начелата за здрава исхрана!
При подготовка на храна за Вашето дете нека ве водат начелата за здрава исхрана. Обидувајте се да се придржувате на редовните оброци кои треба да бидат во опуштена семејна атмосфера.
Одвикнување од доење
Повеќе мајки почнуваат да размислуваат за одвикнување од доење при крајот на првата година на детето. Препорачливо е постепено одвикнување, затоа што така детето полесно се прилагодува, а мајката ги избегнува потешкотиите со истекување на млекото и болните дојки.
Постепеното одвикнување значи замена на едно доење со друга храна. Најдобро е за почеток да го замените подојот за кој детето покажува најмал интерес. При тој начин на исхрана останете барем една до две недели и тогаш прекинете го следниот подој кој ќе го замените со друга храна. Утринското и ноќното доење прекинете ги најпоследни. По последното доење, повеќето мајки се тажни, но наскоро ќе сфатат дека нивниот однос со детето не се променил и дека сега имаат повеќе време за игра со детето.
Моето доенче
Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Спиење
Добро е да се знае
Си играме
Моето доенче
Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Спиење
Добро е да се знае
Си играме
Претходен период: Возраст 10 месеци
Следен период: Возраст од 12 до 17 месеци
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Што е анксиозност во бременост?
Анксиозноста во бременост е состојба на зголемена грижа, напнатост и с...
Како функционира ин витро оплодувањето?
Ин витро оплодувањето (IVF - in vitro fertilization) е асистирана репр...
Што е ПАП тест и зошто е толку важен?
ПАП тестот е едноставен, брз и безболен гинеколошки преглед кој има ог...
Дали ултразвукот е безбеден за бременоста?
Ултразвукот (ехо преглед) се смета за безбеден за време на бременоста ...
Кога е потребно индуцирано породување?
Индуцираното породување е медицинска постапка со која лекарите го потт...