Hopeful RR
|
gina, браво за синко Подобро нека притиска горе отколку доле, да не се спушта пред време. Кај мене па се е на куп - здружено ме клоцаат и тоа едниот нагоре, кај ребрата, белите дробови и срцето, а другиот надоле на бешиката, па многу ми е забавно Ма само нека растат, слатки маки се овие. Мене овие денови ме фатија интензивни болки во половината, на сецкање, и кога го прашав докторот на предавањата во Систина ми рече дека е нормално, и дека е од тежината, и 'рбетот, односно т.н. трудничка лордоза. Исто така, ме пофали дека за со близнаци, супер сум изгледала, не сум имала отоци и само стомакот ми бил голем Ја прашував сестрата за крварењето, ми рече дека не може да биде поголемо од менструалното, ама мислам дека пробуваше да ме утеши, сигурно ќе бидам лом! Malecka23, како си ти? blond, каде си ти, нешто се изгуби? Се надевам се е ок
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|