Hopeful RR
|
Loveable Me, со среќа!!! Ајде за две недели да се радуваме на и после тоа на Овојпат ќе биде, сигурна сум! Pinky30, точно знам како ти е, и во ваква ранлива и нежна состојба стварно последно што ти треба е негативен муабет. Факт е дека сите тука сме различни, со различни стилови на комуникација, искуства, знаења и сфаќања на светот и нештата околу нас, и за твое добро, обиди се да не си земаш ама баш ништо при срце. Најголемата доверба треба да ја имаш во докторот и во себе, а тоа што ние тука збориме ич да не ти е гајле. Ниедна од нас не е докторка, и сите сме чуле-недочуле. Се слагам дека има некоја тенденција да се шират празни муабети без причина и да се прави негативна енергија, ама не можеме да влијаеме на тоа другите како пишуваат. Едноставно, пробај да филтрираш што добиваш како информација и што те допира. Не е лесно, но целата оваа ситуација со ивф е и голем тест за личност, ќе те направи појака како човек. Удри игнор и ич да не ти е гајле А за терапијата, ич да не се сомневаш во докторот, секое тело е различно и сигурна сум дека докторот многу подобро од нас знае кому што му одговара. Сите сме со различни терапии и сите имаме различни резултати, да имаше еден проверен метод ќе беше многу полесно, ама тоа е, не сме машини Супер што се симнал естрадиолот, до задутре ќе биде таман симнат за да се почне со стимулација, ќе видиш. Само лабаво, насмеано и главата горе!
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|