Bethany
|
Баш сакав да речам исто ко Беатрис. Ако ние сме си задоволни со нашиот живот, и нашите најблиски, тогаш треба да се издигнеме изнад сето тоа што некој друг ќе рече или ќе мисли за нас. А девојчиња во примеров, за нив се заслужни родителите, ако родители се збунети, и децата ќе бидат исто така. Ово не е прозивка за никого, туку само некое општо правило. Исто сакав да речам, дека брак не е натпревар. Ако јас одлучив да се мажам, јас влегувам во заедница, каде не сум битна само јас и моја добробит, туку и добробит на мм, па понатаму дете/деца. Ако јас готвам и перам и пеглам и правам тоа секој ден , дури и кога тоа не ми се допаѓа, јас тоа го правам свесно, ИЗБИРАМ да го направам тоа од љубов кон моите најблиски. Не знам зошто па толку страшно се гледа и на тие работи. Тоа е само еден начин да се покаже грижа за нашето семејство, да бидат сити, испрани, чисти, здрави. Има различни начини како може да се грижиш за семејството, пример ако мм придонесува финансиски, јас на овој начин, и ништо не е повеќе или помалку битно. Бидејќи едно без друго не бива, тие двете работи се преклопуваат. Битно е самиот да гледаш работите на овој начин, најблиски исто така да знаат да ценат сета грижа. Проблемот се случува кога некој ќе омаловажува нешто што работиш. Наведовте пример ако работам дома, глупа сум, ако сум со успешна кариера, безосеќајна сум. Е тоа се тие трендови што светот диктира и како и да окренеш никогаш нема да може да ги испратиш. Затоа, ако човекот се пронајде себеси во животот, и е задоволен со тоа каде е, што прави во моментов, не треба да го интересират такви работи. Сите сме способни за надоградување на личноста, ако јас во овој период од мојот живот одлучив да се повеќе окренам кон семејство, а притом сум пак вклучена во другите сфери на животот само многу помалку, не значи дека јас ќе останам секогаш на ово место. Знам само дека семејството секогаш ќе ми биде приоритет, бидејќи се друго за мене е пролазно, а оно што јас вложувам во моите најблиски е единствено што ќе исполни моето срце и што кога ќе остарим ќе можам со право да се гордеам со тоа, дека нешто постигнав! Светот секогаш ќе има мерки и стандарди кои ние никогаш нема да можеме да ги достигнеме, а не би ни требало, бидејќи не секогаш, најчесто се дури погрешни... И не постојат само етикети за жените. Ако некој маж помага на својата жена со се, светот ќе го нарече папучар, ако некој е успешен, светот ќе го замислува како некој што е безосеќајен кон сите и кон своето семејство, кои има љубовници, ако некој е добар, ќе го наречат мекушец итн. Да, етикетите секогаш ќе постојат....
< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 12.3.2013 8:47:04 >
|