vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Во Римското време, на 15.февруари се одбележувала свеченост во чест на Богот Луперкус, заштитникот на стадата и овчарите, но и на плодноста. Покрај народната прослава и веселба, на тој ден традиционално, на парче хартија, се пишувале имиња на девојки кои се ставале во кош, а момчињата влечеле ливчиња. Се верувало дека на момчето ќе му стане сопруга онаа девојка чие име го извлекол.
Денот на вљубените, кој денес го славиме на 14. февруари, според преданието настанал во 3. век во Римското царство. Царот Клаудије II издал наредба според која на војниците не им било допуштено да се женат, бидејќи сметал дека на тој начин ќе бидат повеќе поврзани со семејството и би имале помалку волја да одат во војна и да се борат.
Сите свештеници ја почитувале неговата одлука, освен еден – Валентин. Тој вршел тајни венчавки на млади парови, додека не го откриле и ставиле во самица, на 14. февруари, во очи на празникот Луперкалии. Валентино е погубен, но непосредно по неговата смрт е прогласен за светец.
Со развојот на христијанството, одлучено е заедно да се прославуваат Луперкалии и Св. Валентин. Луперкалии го изгубиле своето значење со тек на време, а Св. Валентин ја презел доминантноста на овој ден. Сепак, во 1969 година, кога католичкиот календар претрпел ревизија, било одлучено дека запишувањето на празникот Св. Валентин во календарот ќе зависи од националните и локалните католички заедници со објаснување: “Иако споменот на Св. Валентин е древен, за него немаме точни сознанија, освен дека е спален на Via Flaminia на 14. февруари”.
Наводно и самиот обичај на праќање на честитки на Св. Валентин потекнува од самиот свештеник. Меѓутоа и тука наидуваме на две различни толкувања. според првата, Св. Валентин и испратил писмо на девојката во која бил наводно заљубен, од самицата. Писмото го потпишал со “Твој Валентин”.
Според друго толкување, додека Св. Валентин бил во затвор луѓето му оставале сокриени пораки пред затворот.
забава Бремените
Автор: bobik
Кога започнуваат симптомите на ПМС?
Промените во расположението, надуеноста, чувствителните гради и зголем...
Зошто бебињата се напрегаат и испуштаат звуци?
Грчењето, стенкањето и напрегањето кај бебињата често ги загрижуваат р...
Од играчки до чорапчиња, зошто бебето става сe во уста?
Од играчки и прсти до ќошиња од ќебенца за бебето устата е еден од нај...
Нередовниот циклус, зголемената влакнетост, акните и потешкотиите со з...
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...