Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Неколку месеци пред тоа, она што најмногу сакав беше да му родам дете на тој човек. Но, денот кога ме остави, сфатив дека тој не заслужил да биде татко на моето бебе. Всушност, не заслужил да биде ничиј татко.
Само две недели откако се исели од мојот стан, дојде веста дека јас носам негово дете. Емоциите ми беа чист хаос. Од една страна не сакав да го родам тоа дете, од друга страна си велев дека тоа дете не беше виновно за ништо. Не беше виновно за тоа што неговиот татко е најголемиот идиот меѓу сите мажи на светов!
Не сакав да го родам тоа дете. Три пати закажав во една приватна клиника за да абортирам. И секој пат кога сестрата ќе го прочиташе моето име, јас се правев дека не слушав и ја напуштав клиниката. Нешто во мене не ми даваше да уништам еден живот кој ништо не видел од живеењето.
Се откажав од идејата за абортус. Си реков дека ќе го родам детето кое не го сакам. Моите родители мислеа дека полудувам. Се плашеа дека ќе го дадам во дом. Станот ми го направија ординација, секој ден влечкаа психотерапевти кои би разговарале со мене. А, јас само молчев и плачев.
Во моментот кога моето бебе дојде на свет, сфатив дека не можам да не го сакам. Кога за првпат го прегрнав сфатив дека тоа е мојата најголема причина за живот. И сфатив дека ако абортирав, ќе направев голема грешка. Неколку години подоцна, јас сум самохрана мајка и со гордост го кажувам тоа. Моето бебе го нема видено својот татко. Не сум му забранила, но ете тој седум години не најде за згодно да го запознае.
Иако многумина мислат дека патам, јас всушност сум една од најсреќните жени на светот. Неговите погледи и прегратки ми прават да полетам. Секое негово ново дело, секое негово откривање на некоја важна работа ме прави да сум исполнета. Некој можеби ќе ме осуди за тоа што моето дете расте без татко. Знам дека не можам да бидам и мајка и татко истовремено, ама исто така знам дека давам натчовечки напори за да бидам добра мајка.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?