vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Пубертетот почнува пред првата менструација, кога ќе почне секрецијата на хормонот од хипофизата и ќе почне развојот на градите, акните на лицето и срамните влакна.
Пред неколку децении лекарите учеле дека помалку од 5% од девојчињата покажуваат знаци на пубертет, посебно развој на градите, пред осмата година. Денешните студии покажуваат дека 25% од афроамериканските девојчиња почнуваат да се развиваат во градите веќе во седмата година. Кај 15% од жолтата раса и 10% од белата раса, градите исто така се развиваат до таа година.Тој број е драматично зголемен во однос на состојбата пред дваесет години.
Кога девојчињата ќе влезат во пубертет толку рано, тоа за нив претставува непријатност. Раниот пубертет носи со себе ризици по психичкото и физичкото здравје и понекогаш трае додека девојчињата не станат возрасни жени.
Родителите можат многу да им помогнат на девојчињата да поминат низ овој тежок период и да ги спречат негативните последици од него.
Како да знаете дека вашето девојче порано влегло во пубертет?
Во текот на осумдесеттите и деведесеттите години на 20. век, забележано е дека голем број девојчиња доаѓаат во клиника со гради и срамни влакна веќе во петтата година.
Универзално е прифатено дека развојот на градите почнува порано, но првата менструација не се забрзала како што се очекувало. Девојчињата денес ја добиваат шест месеци порано отколку пред 40 години, иако градите почнуваат да им растат две години порано.
Кои се можните причинители?
Дебелеење – Бројот на дебелите деца во пубертет се зголемил тројно во последните 30 години. Познато е дека треба да имате прилично поголема маса, за да го покренете пубертетот порано. Да речеме, балерините и гимнастичарките подоцна влегуваат во пубертет и подоцна добиваат прва менструација, бидејќи телото нема доволно извори за да ја стартува репродукцијата. Колку девојчињата се подебели – толку побрзо ќе влезат во пубертет.
Изложеност на хормони и хемикалии
Девојчињата кои се изложени на потенцијални хемиски влијанија уште во материцата, влегуваат во пубертет уште во осмата година. Супстанциите кои се слични на естроген, ја покренуваат реакцијата во телото.
Тие може да се најдат во антибиотиците, во пластиката, пестицидите и во други вештачки супстанции.
Општествен и психолошки стрес – Телото хормонски одговара на ситуациите кога е во опасност и несигурност и може да работи во синергија со двата останати фактори.
Што можат да направат родителите?
За да го спречат пубертетот, можат да го ограничат изложувањето на хемиски супстанции, кои можат да се најдат во храната, хигиенските средства и слично.
Родителите не треба да ја затоплуваат храната во пластични чинии во микробранова, да ги облекуваат децата наместо да ги мачкаат со кремови со заштитен фактор и да не пушат во близина на децата.
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Знаци дека женската плодност функционира нормално
Кога размислуваме за плодноста, често се прашуваме „Дали моето тело фу...
Проблеми со доење и како да ги решите
Доењето е природен процес, но тоа не значи дека секогаш започнува лесн...
Вашето тело можеби ви покажува кога сте плодни
Женското тело природно се менува во текот на менструалниот циклус. Нек...
Како природно да го поддржите репродуктивното здравје?
Репродуктивното здравје не зависи од една намирница, чај или суплемент...
Што ја подобрува плодноста кај жените?
Женската плодност зависи од повеќе фактори како возраста, овулацијата,...