|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Забременила природно откако се откажала од ИВФ

Редакција Рингераја, 7.2.2012
Кејт Силвертон, презентер и новинар на BBC ја раскажува својата приказна од забременување

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Таа помина две години со инвитро третмани, и по четири неуспешни обиди помисли дека ја изгуби сета надеж да стане мајка.


Малку е чудно но Кејт Силвертон изгледа пресреќна, покажувајќи го бебето кое мислеше дека никогаш нема да го има – зачнато по природен пат неколку недели по запирање на третманите.


41-годишната BBC презентерка која е во брак со Мајкл Херон, поранешен кралски маринец, ја роди својата ќерка во ноември, опишувајќи ја нејзината бременост како "чудо".


"Сеуште не можам да верувам дека таа е тука", вели таа. "Гледајќи ја нејзината насмевка, едноставно се топам. Тоа е кулминација на сето она што некогаш сум се осмелила да го  замислам или да се надевам.


"Кога ја држам во моите раце, хранејќи ја во раните утрински часови, со Мајк кој спие до мене, го гледам нејзиното мало лице и чувствувам преголемо задоволство од она што се случи.


"Живеам за моментот кога наутро ќе се потпрам на нејзиното креветче, без разлика дали ќе видам насмевка на нејзиното лице или пак нејзината долна усна ќе трепери од плачење. Таа е едноставно прекрасна.”


Лекарите ја предупредувале Госпоѓа Силвертон дека тешко ќе забремени по природен пат, откако бил отстранет еден од нејзините јајници.  Таа потоа се подложи на вештачко оплодување, кое беше 4 пати неуспешно, па парот одлучи да престане со третманите  - а наскоро потоа по природен пат беше зачната ќерката Клеменси.


Госпоѓа Силвертон рече: “Незнам како се случи тоа, но ќе бидам благодарна секој ден до крајот на мојот живот што доживеав да родам и да ја имам мојата ќерка. Тажен е фактот дека толку многу двојки се соочуваат со истите потешкотии како и ние и посакувам да можев ним да им поделам дел од нашата среќа.”


Таа изјави “Одлучивме да не бараме ничија помош околу одгледувањето, бидејќи ни се допаѓа идејата да функционираме како тим, инстинктивно да научиме што повеќе, иако признавам дека тоа значи одење по потешкиот пат.”


Госпоѓа Силвертон се омажи за Господин Херон во Декември 2010 во црквата St Bride, откако две години биле во врска.  


Експертот за безбедност, кој бил кралски маринец, и предложил брак клечејќи на колена во Плаза дел Пополо во Рим, на патувањето до италијанската престолнина. На прстенот кој и го подарил бил изгравиран зборот “Засекогаш” и бил направен специјално за неа, бедејќи тој знаел дека презентерката на BBC ќе сака дијамант кој ќе биде посебен.  


Госпоѓа Силвертон признава дека не очекувала дека ќе најде вистинска љубав по повеќе години поминати како сингл. Таа вели “јас не сум типична невеста. Ми требаа 40 години за да стигнам до тука и искрено, не бев сигурна дали бракот е за мене”.


Двојката се запознала на курс за новинари на BBC кои ќе одат во воените зони и ќе известуваат во тешки услови.
Таа вели: “Кога го запознав на овој курс, ми се допадна не само заради физичкиот изглед, туку и заради квалитетите кои ги поседува. Тоа е силниот карактер, интелегенцијата и моралните вредности кои ги споделуваме. Тој не е тип на човек кој ќе моли некого за било каква работа, автономен е, учтив, интересен и вистински џентлмен. Тој како да не припаѓа на ова време, одбива да биде понесен од модерниот свет и е незаинтересиран  за таквите ситници.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Неизлечената кламидија ги оштетува јајници...
Кламидијата е честа сексуално пренослива болест предизвикана од бактеријата Chlamydia trachomatis, која може да ги оштет...
5
Либидо и планирање бременост. Што треба да...
Либидото, односно сексуалната желба, е важен дел од интимниот живот, но може да има влијание и врз периодот кога парот с...
4
Кои се најчестите аномалии на матката?
Матката е важен орган на женскиот репродуктивен систем, во кој се развива бебето за време на бременоста.
3
Што е AMH хормон и што ни кажува?
Кога жената планира бременост или сака да дознае повеќе за своето репродуктивно здравје, често се среќава со поимот AMH ...
3




Анкета

Koe ime e poubavo ?
Blue Glow

Pomos ringerajki !!!

Sandra (8%)

Mia (22%)

Ana (23%)

Anja (20%)

Jana (27%)


Број на сите гласови: 148

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!