|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

За небеските светила

Детско катче, 14.11.2010
Народни преданија

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Ден и ноќ

Господ имал две клопчиња, едното бело, а другото црно, белото било врзано со црното. Кога ќе го одвиткал белото ќе било ден, а кога ќе го одвиткал црното ќе се сторело ноќ. Толку многу долго било преденото, што дури да го соберел белиот конец на клопче, ќе почнел да го одмотува црниот и ќе било ноќе.

Бидејќи биле врзани краевите на клопчињата, кога го виткал белото во зимно време, Господ виткал и од црното предено на белото клопче и од тоа се намалувал денот, а се зголемувала ноќта. Така и во лето растел денот, а ноѓта се намалувала.

Земјотрес

Господ Земјата ја имал врзано сета со тељои и сите краеви од тељоите му биле во левата рака. И покрај тоа што биле тељоите со милиони, милиони, милиони што број им немало, пак Господ знаел кој тељ од кој дел е и штом ќе видел од некој страна дека луѓето се разлошиле, Господ ќе го потргнел тељот од таа област или од таа земја и веднаш ќе се стресела земјата.

Каин на Месечината

Кога Каин го убил брата си Авел, Господ го прашал кој го убил:

- Каине, Каине, кој го уби брата ти? - му рекол

- Јас не сум му вардач Господи, ноќеска да го вардам, за да видам кој го отепал - му рекол Каин.

Кога ги чул Господ тие лажливи зборови од Каина, го проколнал да биди обесен во Месечината за век и веков, за да биди вардач ноќе, да ги гледа сите ноќни убиства што ќе се прават од лошите луѓе и да се плаши, да се страши и да се треси, обесен како лист на некоја гора. Секој човек можел да го види Каина обесен во Месечината, кога е полна Месечина и ден денеска.

Сонцето и Месецот

Кога ги направил Господ Сонцето и Месечината, еднакви беше ги направил да светат: Сонцето да свети дење, а Месечината да свети ноќе, за да биди како денот, така и ноќта. Арно ама пуста завист од Месечината, ја донесла работата да се скара со Сонцето и сега да биди темна.

Зошто? Ич за ништо, туку од будалако на Месечината!

Откако ги создал Господ, почнала Месечината да му се фали на Сонцето и да му вели:

- Јас сум поубава, јок јас посилно греам, јок јас поголема сум!

Еднаш, двапати, претрајало на Сонцето, арно ама таа не се сеќавала оти е срамота да се фали и откако му дошла до носо на Сонцето му пребликнало:

- Е доста се фалеше, мори Месечино - и рекло Сонцето - мори бесрамнице, еве за тебе што треба, да ти се затни устата со една волска лепешка!

Згора на тоа, грабнало Сонцето една лепешка и фрлило по Месечината за да и ја затни устата, арно ама и устата и образот и окото и ги закашкало.

Ете оттогаш стана Месечината темна и срамна и набргу се крие од срам, од Сонцето.

 

 

Адаптирал: Барбара Синадиноска

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Обои ги броевите по боја
Забава и учење во исто време. Отпечатете и обојте
3
Научи да црташ: Мики Маус
Научете како да цртате Мики Маус
3
Учиме да цртаме: Бебе
Научи како да нацрташ бебе
3
Народни поговорки - З
Народни поговорки
3




Анкета

Име за бебе
Alexia04

Здраво р-рајки. Јас сакам да Ве замолам за помош. Ни треба име за бебенце, кумови сме викендов. Родителите ни понудија нешто, т.е. ние ги прашавме за предлози, па ете ни предложија:

Петра (23%)

Лепосава (3%)

Маја (32%)

Емилија (29%)

Наташа (13%)


Број на сите гласови: 397

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!