namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Време е за враќање во форма! Летото полека ни заминува, па со завршувањето на сите летни активности кои ни го одвлекуваа вниманието време е во фокус да се стави градењето на здрави животни навики. Затоа, со нетрпение го очекуваме викендот 23-25 септември!
HFW Expo - Единствениот настан каде ќе имаме прилика на едно место да се информираме за најквалитетните и најновите содржини поврзани со фитнесот, здравјето и здравата храна, негата и грижата за телото и духот. Само еден викенд секоја година, не ја пропуштајте единствената прилика да се информирате за СИТЕ најнови програми за вежбање, да дегустирате и припремате вкусна, здрава и органска храна, да испробате голем број на спортски и фитнес активности, но и разни третмани и масажи, да добиете совети за подобро здравје од врвни специјалисти и при тоа - максимално да се забавувате.
Денес, ексклузивно ги објавуваме сите (над 50) учесници од областа на здравјето, фитнесот и велнесот кои на посетителите ќе им понудат разни промоции, дегустации, наградни игри и мног други изненадувања. Можете да ги погледнете на овој линк.
Не пропуштајте да се приклучите на богатата интерактивна и едукативна програма со преку 30 работилници, тренинзи, настапи и предавања. Програмата погледнете ја овде.
Здравиот животен стил не познава граници! Овој настан е создаден за сите, од најмладите до највозрасните посетители, без разлика дали професионалци или рекреативци и ентузијасти, буквално за секој кој се води по мотото "во здраво тело - здрав дух" и се грижи за своето здравје и благосостојба.
Супер новост и за сите родители – дојдете со вашите најмили бидејќи настанот ветува забава за целото семејство! На настанот ќе има и специјално осмислен Kids Corner, со интересни работилници со стручни и професионални тимови, кои ќе имаат за цел преку игра и забава да ги едуцираат дечињата за важноста на стекнувањето здрави навики од најрана возраст.
Ексклузивно само на отворањето на Health, Fitness & Wellness Expo (23.09.2016 во 17:30ч) ќе настапи трократниот првак во Slackline од Шпанија – Карлос Мерајо Гарсија. Slackline е веќе добро развиена дисциплина ширум светот, во која постојат натпревари и спортисти кои професионално се занимаваат со неа, а во чекор со светските трендови, кај нас за прв пат ни јас овозможува Sport Inn центарот, односно Gibbon Slacklines Macedonia.
Ве покануваме сите на големото отворање на 23.09. во 17:30 во Хотел Александар Палас, да го проследиме заедно фантастичниот настап на Карлос.
забава Бремените
Автор: bobik
Здравјето на мажите по 40-тата година
Навлегувајќи во четвртата деценија од животот, мажите почнуваат да се ...
Сигурност на бебињата во автомобил
Кога станува збор за патување со бебе, нема место за импровизации. Сиг...
Летото е тука, а со него и желбата за ладни, шарени коктели. Без разли...
Конфликтите и кавгите меѓу децата се сосема нормална појава во секое с...
Храна и лекови – комбинации кои не се препорачуваат
Кога земаме лекови, често мислиме дека само дозата и времето се важни....
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?