AniJo во 19:13
на тема RE: Сурогат - мајка !?!
Навистина, како треба да се започне со „новиот проект“ и како вашето поголемо дете ќе го поднесе сето тоа – вашата бременост и доаѓањето на свет на помладиот брат или сестра?
Вистинско време
На прашањето дали постои вистинско време за второ дете, поголемиот дел од експертите одговара дека бебето подобро напредува доколку се направи поголема пауза по раѓањето на првото дете.
Истражувањата на британските научници покажаа дека раѓањето на второ дете во период покус од половина година после раѓањето на првото, го зголемува ризикот (околу 40 проценти) од прерано породување и помала телесна тежина на новороденчето. Уште една студија, но на американски експерти, покажува, дека идеален интервал меѓу две породувања е од 24 до 35 месеци.
Двајца се друштво
Најдоброто време вашето дете да добие брат или сестра е кога тоа е помладо од една година или постаро од три. Во првиот случај, вашето прво дете нема да го доживее помладиот брат или сестра како ривал, додека во периодот меѓу првата и третата година детето може да се почувствува потиснато. Од друга страна, четиригодишните деца веќе се доволно сигурни во родителската љубов, оствариле одреден степен на самостојност и имаат формирано свој мал свет.
Некои родители преферираат „во една тура“ да ги поминат неспаните ноќи и нечистите пелени, додека други сакаат целосно да се опорават и да почекаат поголемото дете да оди во градинка пред да се впуштат во „реприза“.
Што ме чека
Второродилките можат да се поделат на две категории – на оние кои им е полесно во втората бременост и на оние кои им е потешко ова искуство. Некои жени чувствуваат зголемена утринска мачнина, болки и други тегоби… Други, пак, едноставно „пролетуваат“ низ сите девет месеци, сигурни во себе, без многу паника или грижа. Освен тоа, вниманието кои го посветуваат на првото дете често не остава многу време да се размислува или стравува поради (сепак) на сити добро познатите тегоби на втората бременост.
Ослободете се од стравот
Можеби најголемата грижа на поголем број на жени кои по втор пат стануваат мајки е самиот чин на породувањето, а прашањето кое сите ги мачи гласи: – Дали ќе биде исто како минатиот пат или ќе биде полесно?.
Стравот кај жените кои имале лошо искуство при првото породување е сосема разбирливо.. Меѓутоа, за да не ги преживувате сами своите „кошмари“ и со непотребен страв да го зголемете нивото на стрес, разговарајте со некој за тоа што ве загрижува – со лекарот, психологот, бабицата, пријателот, сопругот… со лицето кое ќе ве смири и ќе ви даде потребни информации.
Лекарска помош
Следењето на втората бременост може да биде нешто поинаку отколку со првото дете. Динамиката на посетата на лекарот, како и видот на прегледот, ќе биде одреден пред се, од текот на вашата прва бременост. Доколку таа била сосема нормална, без никакви компликации, тогаш е сосема извесно дека ќе имате помалку прегледи.
Од друга страна, ако сте имале проблеми како што е, на пример, зголемен крвен притисок, тогаш во текот на втората бременост ќе бидете под будно око на лекарот.
Експертите се согласуваат во тоа дека второродките не успеваат да пронајдат доволно време за одмор и опуштање. Затоа е важно да препуштите одредени обврски на својот сопруг и да се одморите секогаш кога и вашето поголемо дете одмора во текот на денот.
На крајот на краиштата, потребна ви е енергија за второто породување и за навикнување на животот на мајка со две деца.
Извор: МИА
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?