Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Една нова студија покажа дека нема причина да легнете во кревет некое време за полесно да забремените, после сексуалниот однос. Ова, длабоко вкоренето верување, вели дека легнувањето по секс не помага во забременување. Истото треба да се примени во случаи на ин витро оплодување (ИВФ), при што спермата се „вбризгува“ директно во матката.
Две одделни студии покажаа дека лежењето 15 минути по ИВФ оплодување ги зголемува шансите за успех, но овие студии беа спроведени на многу мал број на жени. Но, пообемна студија спроведена на Медицинскиот факултет во Амстредам, сепак, ги негира овие тврдења.
Истражувачите забележале 479 жени кои биле подложени на процедура на ИВФ и повеќето од нив поминале низ неколку вакви циклуси на третман, така што тие добиле податоци по скоро 2.000 процедури на вакви оплодувања. Случајно избраните жени беа замолени да станат веднаш по оплодувањето со ИВФ, а други да лежат во кревет уште 15 минути по постапката.
Резултатите покажале дека 32 проценти од жените кои лежеле во кревет по постапката забремениле, а од друга страна, 40% од жените кои станале веднаш по постапката, исто така, забремениле. Според тоа, истражувањето го негира вкоренето верување дека лежењето после секс и ИВФ треба да помогне при забременување.
9
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да препознаете дека сте навистина заљубени?
Заљубеноста може да биде едно од најубавите чувства, но понекогаш е те...
Како постепено да го намалите кафето пред бременост?
Ако планирате бременост, една од навиките на кои вреди да обрнете вним...
Што всушност претставува дебелината?
Дебелината не е само прашање на изгледот или бројката што ја покажува ...
Лажно позитивен тест за бременост
Позитивниот тест за бременост најчесто е причина за голема радост, но ...
Како расте бебето од 14тата до 27мата недела?
Второто тромесечје од бременоста, кое ги опфаќа 14тата до 27мата геста...