|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Десет совети за побрзо зачнување

Редакција Рингераја, 8.3.2012
Многу парови поминуваат месеци и години обидувајќи се да не забременат, се додека не сфатат дека забременувањето е многу повеќе од едноставно прекинување на контрацепцијата

image
/11


 

 

Ова е листа на 10 работи кои треба да ги направите за да ја зголемите можноста за забременување

 

1.      Јадете, пијте и правете бебиња

Недостатокот на цинк во организмот на мажите се поврзува со ниско ниво на тестостерон и бројност на сперматозоидите. Мажите треба да консумираат храна богата со цинк, како што е не многу мрсно месо, јајца, морска и зрнеска храна. Калциумот и витаминот Д можат да ја подобрат плодноста кај мажите, па затоа е добро да се пие млеко.

Дами, за Вас е препорачливо да пиете чај. Според студијата на Bette Caan од 1998 година, жените кои пиеле чај, повеќе од една шолја дневно, имале седум пати поголеми шанси за забременување, во текот на три месеци додека траела студијата.

 

2.      Живејте чисто

Избегнувајте алкохол, цигари (дури и пасивно пушење), лекови и токсични хемикалии, вклучувајќи ги и средствата за чистење во домот. Ограничете ја употребата на чоколада и кофеин, газирани пијалоци, чаеви и кафиња. Прекумерното вежбање и нискиот процент на маснтии може да доведе до стерилитет кај жените. Останете активни, но не претерувајте.

 

3.       Носете комотна облека

Производството на сперматозоиди се инхибира со нивно прегревање, па на мажите им се препорачува да носат комотни боксерици и панталони, да избегнуваат лежење во топла када, сауна или да возат велосипед.

 

4.      Внимавајте на производите за зголемување на плодноста

Несомнено сте слушнале за разни лекови кои ја подобруваат плодноста. Иако тоа е многу примамливо, не треба да земате ништо без да се консултирате со Вашиот лекар.

Според John R Sussman, началник на клиниката за гинекологија во New Milford, Connecticut и ко-автор на книгата “Неофицијален водич за бебе”, правењето бебиња е игра на броеви:

- Вие овулирате 14 дена пред да добиете менструација. Ако должината на Вашиот циклус варира од 24-30 дена тогаш овулацијата е меѓу 10 и 16 ден.

-  Јајцеклетките живеат од 12-24 часа, половиот однос по овулација е задоцнет.

- Сперматозоидите живеат околу 72 часа, па зачнувањето може да биде успешно дури и ако овулацијата настапи по 3 дена.

Др. Sussman сумира:”Вашиот прозорец на можности се отвора три денја пред овулацијата  и се затвора еден ден по овулацијата”.

 

5.      Користете тест за овулација

Тестот за овулација е одлична можност за зголемување на шансите за концепција, вели Др. Sussman. Тестот ќе помогне брзо и точно да се детектира порастои на лутеинизирачки хормон во урината, кој обично расте 24 – 36 часа пред овулација. Најверојатно ќе забремените ако имате секс во рок од 36 часа по добиениот позитивен тест за овулација.

Мерењето на базалната температура е уште еден начин за докажување на овулацијата, препорачуваат докторите.

 

6.      Посетете го Вашиот лекар

Закажете преглед кај Вашиот гинеколог. Тој ќе ја разгледа Вашата семејна историја, ќе Ви потврди дали сте во добра здравствена состојба и ќе разговара за контрацептивниот метод кој досега сте го користеле. Многу експерти препорачуваат жената да престане да зема таблети за контрацепција најмалку три месеци пред планираната бременост. На овој начин Вашиот циклус ќе се врати во нормала, што ќе Ви обезбеди најголеми шанси за бременост.

 

7.      Кога танцуваат бебињата?

Dr. Sussman препорачува секс секој ден, или преку еден ден, во рамките на Вашите можности. Некои луќе ги интересира податокот дали сперматозоидите страдаат од секојдневни сексуални односи. “Иако тоа може да биде случај кај одредени мажи, не е правило за сите”, одговара докторот.

 

8.      Танцување по кореографија

Не само што е важно кога имате секс, важно е и како го практикувате. Според некои експерти за плодност мисионерската поза овозможува најдлабока пенетрација и спермата може да допре најблиску до грлото на матката.

Слично на тоа, ако жената има оргазам, нејзините контракции може да ја носат спермата понатаму низ материцата. Избегнувајте материи за вештачко влажнење, како вазелин, глицерин и други масти, кои може да ги убијат сперматозоидите.

 

 9. Престанете да правите бебе, почнете да водите љубов

Кога се обидувате да зачнете лесно може да се случи “механиката на правење бебиња” да ја надвладее љубовната романса. За жал, стресот може да го прекине нормалниот циклус на овулација кај жените, да го уништи Вашиот сексуален нагон, па дури може да предизвика намалување на нивото на тестостерон.

Ако сакате правењето на бебето да биде незаборавно љубовно искусто, тогаш водете љубов и уживајте.

 

10.  Побарајте помош

Концепцијата не може да се случи преку ноќ. Но колку долго треба да чекате пред да побарате помош?

Многу експерти советуваат да се чека една година пред да се побара помош од лекар. Др. Sussman светува:”Паровите кои не зачнале по 3-6 месеци и покрај прецизниот тајминг на сексуални односи, треба да побараат прелиминарна евалуација на проблемот”. Паровите кои не воделе грижа за тајмингот на сексуалните односи, можат да почекаат една година и повеќе.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Камасутра за забременување - најдобри секс...
Кама Сутра е најстариот и најпознат светски водич за секс. Неговите позиции се користат и денес и се одличен начин да се...
4
Борбата за бебе изгледа вака!
Во емотивен текст таа раскажа за мачниот тригодишен период во кој доживеала спонтан абортус и неуспешни обиди за забреме...
3
За здраво бебе - СТОП за цигарите
Новороденчињата на мајките кои пушеле за време на бременоста, како и бебињата кои се изложени на пасивно пушење по раѓањ...
3
Што треба да знаете, пред да забремените?
Да се одгледуваат деца е исцрпувачка и најблагородна работа. Многу родители не можат да се одлучат за второ дете, а неко...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?