flat.sale.bezanija во 09:55
на тема RE: flat sale Celebonovica Bezanija Beograd Expo 2027 invest estate property Serbia
Помогнете ни заедно да влијаеме во изградба на подобро општество и да ги израдуваме болните дечиња за време на Новогодишните празници.
ГРАМ ЉУБОВ за ТОН ЗДРАВЈЕ |
Вашето дете одговорен граѓанин - прв дел
Едноставно кажано, да се биде чесен значи да се биде верен на себеси и на другите. Тоа значи да се грижиме доволно за другите, а не да ги употребуваме за лична корист. Исто така значи и соочување со нашите грешки, за кои мора ние да одговараме, а не да ги инволвираме и другите со цел да биде извршена поделба на одговорностите.
Праведност значи донесување на одлуки врз основа на докази, а не врз основа на предрасуди. Тоа значи дека кога се игра според правилата секој треба да се третира подеднакво.
За да се разбере важноста од тоа да се биде искрен и праведен, децата треба да научат дека животот во семејството, заедницата или нацијата, зависи од взаемната доверба. Без искреност и праведност взаемната доверба се отежнува и нарушува и доаѓа го распаѓање на семејството, а со тоа и на општеството. Постои голема разлика меѓу измама во играта, изневерување на другарот и сокривање на вистината – работи кои децата често ги користат во текот на играта, од тоа детето да се преправа дека е принцеза или астронаут. Значи треба да се направи граница меѓу тоа кои лаги се штетни, а кои дозволени.
Што да направите:
- Мамо, зошто и кажа на касиерката дека ти врати повеќе пари? Тоа беше нејзината грешка, можеше да ги задржиш.
- Бидејќи парите не беа мои, нечесно ќе беше да ги задржам.
Самодисциплина
Самодисциплината е способност да се постави реална цел, или да направите план до кој ќе се држите. Тоа е способност да се спротивставите на работите кои може да го попречат Вашиот план. Самодисциплината е основа за многу други квалитети на карактерот. Многу често самодисциплината бара упорност и држење до долгорочните обврски, а оставање на моменталното задоволство за подоцна. Исто така вклучува ефектно справување со емоциите, како што се лутина и завист и развој на трпеливоста.
Учењето на самодисциплина им помага на децата да го регулираат нивното однесување и им дава волја да донесуваат добри одлуки. Од друга страна, неуспехот при развој на самодисциплина, им остава на децата широко отворени врати за деструктивно однесување. Кога децата не се научени да се контролираат или да не реагираат импулсивно, често ја нуркаат главата во многу штетни ситуации.
Што можете да направите:
- Кој те бараше на телефон?
- Тоа беше Мартин тато. Ме викаше да одам со него да си купи ново DVD.
- И што му кажа ти?
- Му кажав дека не можам бидејќи ќе работам на мојот проект за во училиште.
Добри одлуки
Децата ќе развијат силен карактер, ако правилно расудуваат што е исправно, а што погрешно, што е добро, а што лошо. Дури и на возрасните им е тешко да ја направат оваа разлика, а на децата им е секако, уште потешко. На пример, на детето му е тешко да расуди што е храбро, а што неодговорно однесување. Како родители, ние можеме да му покажеме во такви ситуации да се размислува смирено и чесно и притоа да се внимава никој да не биде повреден. Понекогаш и ние навлегуваме во неволји, бидејќи не сме размислиле добро и сме дозволиле да не водат емоциите. Понекогаш нашите емоции не воведуваат во ситуации за кои подоцна жалиме.
Способноста на Вашето дете да донесува добри одлуки ќе созрева со годините и со добрите примери кои му ги давате.
Со годините, исто така, за детето може да стане полесно да си најде оправдување за себичното или несовесно однесување. Меѓутоа, ако му помогнете на детето да ја развие искреноста, храброста, одговорноста и самопочитта Вашето дете ќе биде способно да ги воочи недостатоците во своето размислување и да биде способно да дојде до правилен заклучок за тоа што треба да го направи.
Што можете да направите?
- Навистина се налутив бидејќи Давор не сакаше да разговара со мене.
- Што правевте во тоа време?
- Чекавме да го земеме својот оброк.
- Па нели го знаеш правилото дека не се разговара додека го чекаш својот оброк? Значи дека Давор ја направил вистинската работа.
Продолжува...
flat.sale.bezanija во 09:55
на тема RE: flat sale Celebonovica Bezanija Beograd Expo 2027 invest estate property Serbia
flat.sale.bezanija во 09:55
на тема RE: Flat sale Bezanija Expo 2027 bitcoin btc crypto invest estate Belgrade Serbia office space
flat.sale.bezanija во 09:52
на тема Куповина стана са терасом baštom Београд тражим стан некретнине имање паркинг гаража двориште Србија
flat.sale.bezanija во 06:23
на тема Flat sale Bezanija Expo 2027 bitcoin btc crypto invest estate Belgrade Serbia office space
flat.sale.bezanija во 06:22
на тема flat sale Celebonovica Bezanija Beograd Expo 2027 invest estate property Serbia
забава Бремените
Автор: bobik
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Мали ритуали без кои ништо не ќе биде исто
Многу луѓе не ги оставаат овие навики дома, дури ни кога се на одмор....
Музика за бебето уште пред да се роди – мит или наука?
Многу идни родители пуштаат музика на нивниот стомак, верувајќи дека б...
Кога бебињата почнуваат да паметат лица и предмети?
Од првиот момент кога ќе ве погледне, ви се чини дека вашето бебе веќе...
Што е посмешно да работиш во Македонија?
Млад, забавен, паметен...се само дел од епитетите кои го опишуваат сте...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.