Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Калиграфирани јајца
Изненадете го семејството и гостите на велигденската маса, со едно од овие убави калиграфски испишани јајца. Можете да изберете персонализирана порака за секој. Не грижете се ако немате добар ракопис, бидејќи оваа декорација се испишува на лушпата на јајцето со помош на трансферна хартија. Изберете соодветен фонт и испечатете ја саканата порака на листови, потоа пренесете на јајцето со помош на влажна крпа.

Јајца со монистра
Овие јајца се повеќе за декорација отколку за исхрана. И покрај тоа се интересен начин да се донесе разновидност во кошницата со јајца оваа година. Покрај монистра може да користите и брокат. Единствено што ви треба е протеин или лепак кој нема да дозволи на топчињата да паѓаат, и четка за цртање со која ќе го нанесете. Покријте ја целата површина на јајцето со лепак / протеини и валкајте го јајцето во монистата. Оставете да се исуши за неколку часа.

Украсување со лак
На принципот на популарната техника - прелевање, за лакирање на ноктите, можете да ги декорирате и велигденските јајца. Потребен ви е лак со вашата омилена боја, сад со вода, и гумени ракавици. Пуштете во водата неколку капки од лакот. Потоа потопете го јајцето - лакот ќе се залепи на неговата површина. Извадете го јајцето и оставете го да се исуши (можете да направите импровизиран држач за секое јајце.

Црно-бели јајца
Белите јајца ќе се истакнат меѓу традиционално бојадисаните, ако ги декорирате со помош на обичен црн маркер на водена основа. Користете какви обрасци ќе ви паднат на ум. Можете да им дадете можност и на децата да се вклучат со свои идеи.
-45194-500x0.jpg)
Јајца со пердуви
Многу лесна идеја за декорација на велигденските јајца. Она што ви е потребно се декоративни пердуви кои лесно ќе најдете во продавниците, исто така ќе ви е потребна разбиена белка од јајце и четка за разнесување. Ставете ја белката на школка. Откако ќе се исуши повторете со уште еден слој од белката, за да ја зголемите цврстината. Избирајте помали пердуви и средно големи јајца, за да се добие спектакуларна декорација.

Природни кристали
Знаете ли дека винската киселина е природен замена на кристалите кои се продаваат во маркетите?
Единствено што треба да направите е да додадете винска киселина, која лесно може да биде отворена во аптеките, во тенџерето со веќе варени и извадени од топлина јајца. Оставете ги за 5-10 минути. Кога ги извадите, јајцата ќе се здобијат со нерамнини, подготвени за боење.
5
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...
Животен стил и социјални фактори
Бременоста не се одвива изолирано, туку е силно поврзана со секојдневн...
Кога бременостите следат една по друга со разлика од мал временски инт...