Стерилитетот кај мажите е почеста појава отколку што се мисли, а спермограмот е прв и најважен чекор за утврдување на фертилноста. Ова испитување дава јасна слика за квалитетот и количината на спермата, што е клучно за планирање на семејство.
Фото:Canva/Спермограмот е основното и најкористено испитување за процена на машката плодност. Тој дава јасна слика за бројот, подвижноста, обликот и општата виталност на сперматозоидите, информации кои се клучни за дијагноза, планирање и избор на понатамошни чекори при зачнување.
Што е спермограм?
Спермограм е лабораториско испитување кое ги анализира основните параметри на спермата.
- Оваа постапка го одредува бројот на сперматозоиди односно колку се присутни во милилитар семена течност.
- Ја проверува нивната подвижност (мотилитет) односно колку се активни и способни да патуваат до јајце-клетката.
- Ја испитува морфологијата, формата и структурата на сперматозоидите.
- Ја одредува конзистентноста, pH вредноста и волуменот како индикатори на општиот квалитет на спермата.
- Дали постои воспаление или инфекции односно бели крвни клетки или бактерии.
Зошто е важен спермограмот?
- Дијагноза на машки стерилитет
Спермограмот покажува дали проблемот е во мажот, што е клучно за понатамошно планирање на третман. - Следење на третман
Доколку се користат лекови, суплементи или хируршки процедури, спермограмот ја следи ефективноста на терапијата. - Подготовка за асистирана репродукција
Пред IUI, IVF или ICSI, спермограмот помага да се избере најсоодветната метода.
Како се изведува спермограмот?
- Се зема примерок на семена течност преку мастурбација во лабораторија или дома со специјална посуда.
- Потребен е период на сексуална апстиненција од 2 до 7 дена пред тестот.
- Испитувањето е брзо и безболно, а резултатите обично се добиваат во рок од еден до два дена.
Кога да се направи спермограм?
- Ако парот не успева да забремени по 12 месеци редовен секс или 6 месеци ако жената е над 35 години.
- По хируршки интервенции на тестисите или семеноводите.
- При повторувачки инфекции, повреди или хормонални нарушувања.
- Како дел од преглед пред асистирана репродукција.
Што покажуваат резултатите?
Резултатите на спермограмот ги делиме според меѓународните критериуми на СЗО:
- Нормален, доволен број, подвижност и морфологија за природно зачнување.
- Олигоспермија, намален број на сперматозоиди.
- Астеноспермија, нарушена подвижност на сперматозоидите.
- Теритоспермија, абнормална морфологија.
- Азооспермија, отсуство на сперматозоиди па ќе треба дополнителна дијагностика.
Резултатите секогаш се интерпретираат во комбинација со историјата и другите анализи од уролог или андролог.
Совети пред тестот
- Апстинирајте 2 до 7 дена.
- Избегнувајте алкохол, цигари и стресни ситуации.
- Не користете креми, лубриканти или лекови без консултација.
- Изведете тестот во чиста и топла околина, следејќи ги упатствата на лабораторијата.
Спермограмот е првиот и наједноставниот начин да се утврди машката фертилност. Со точни резултати и правилна интерпретација од лекар, многу парови можат навреме да ги преземат потребните мерки за зачнување или асистирана репродукција.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
7 знаци дека имате циста на јајникот
Повеќето цисти на јајникот се бенигни, фоликуларни цисти кои се појавуваат и исчезнуваат со менструалниот циклус и не е ...
4
Само жената е одговорна за фертилитетот
Кога бременоста не доаѓа веднаш, прстот најчесто се вперува кон жената. Испитувања, прашања, совети, тишина. Машкиот фак...
3
Колку трпение бара патот до бременост?
Ако не забремените веднаш, не паниете. Прочитајте што е навистина нормално додека се обидувате и кога е време да побарат...
2
Сакате бебе? Еве колку често треба да води...
Кога ќе одлучите дека сте подготвени за бебе, едно од првите прашања што си ги поставувате е: „Колку често треба да имам...
2