|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Совети за здрава бременост

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Побарајте што повеќе информации за прекрасните промени на вашето тело. Хранете се здраво и рамномерно...
Клучни зборови:

image
/11


Побарајте што повеќе информации за промените на вашето тело. Ве советуваме за бременоста и раѓањето да разговарате со својата мајка, другарките и други жени кои имале исто искуство. Може да го користите и форумот на нашите портали. Посетувајте училиште за родители, читајте книги, списанија, гледајте видео ленти за нормална бремености и раѓање на детето.

Хранете се здраво и рамномерно, а пред се внимавајте на прехрамбената пирамида. Конзумирајте што повеќе млеко или храна која може да го замени и во храната вклучете што повеќе белковини. Ако дневно не изедете неколку оброци овошје и зеленчук, се препорачува земање на фолни киселини кои во мали количини може да се пронајдат во житариците и во зелениот зеленчук.

Пијте многу вода и тоа до 3 литри дневно. Прочитајте статија за важните витамини во бременоста. Избегнувајте работи кои ви штетат вам и на вашето дете, како што се цигари, алкохол и дрога. Не земајте лекови, дури ни домашни, освен ако претходно не сте се договориле со гинекологот.

Останете активни! Продолжете со вежбање кое сте го практикувале и пред бременоста, но земајќи ги во предвид советите од својот гинеколог. Ако пред бременоста не сте се занимавале со никаков спорт или вежбање, размислете за пливање или барем за прошетки. Почнете со кратки вежби и полека продолжувајте ги.

Одмарајте. Слушајте го своето тело. Самото ќе ви каже кога ви треба краток одмор преку ден и колку спиење ви треба во текот на ноќта. Зборувајте со вашето бебе и уживајте во поврзаноста со него. Според најновите истражувања детето реагира на допири веќе во десеттата недела од бременоста, а потоа и на светлина, вашиот глас, музика и други звуци.

Пробајте да го намалите стресот на најмало можно ниво и користете техники за негово намалување, како што се полесно, длабоко дишење и опуштање на различни мускулни групи. Планирајте го раѓањето на детето. За поголемиот број на жени породувањето е нормален, природен и здрав настан. Пробајте да дознаете што е можно повеќе за породувањето и породолиштето кое сте го избрале. На натпревар за родители ќе дознаете многу за самото породување, а и вашиот партнер може на сето тоа да се подготви – се разбира ако има намера да присуствува на породувањето.

Уживајте во тој посебен период од вашиот живот! Во тој преубав преоден период може многу да ви помогнат вашиот партнер, вашето семејство и пријатели. Верувајте во способностите на вашето тело дека ќе го храни вашето дете и ќе го донесе на свет така како што жените го прават со векови.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интервју: Наде Стојилковиќ, автор на Книга...
На мое огромно задоволство, денес сум на кафе-муабет со Наде Стојилковиќ, авторката на “Ќерката на дрвосечачот“ која е о...
4
Разговор со авторката Ивана Ризаов
Имам 32 години, родена сум во Кочани, а живеам и работам во Скопје. По професија сум дипломиран преведувач од англиски и...
4
Компирот не е само за трпеза туку и за сов...
Компирот не е само вкусна и корисна намирница во кујната која секојдневно е дел од нашата трпеза. Тој е и моќен природен...
3
Како брзо да го намалите празничното стомаче?
Ако навистина планирате да го изгубите вишокот килограми, тогаш задолжително прочитајте ја оваа статија пред да ве стигн...
3




Анкета

Јасли.
пеперутка16

Дали вашето дете почна да се разболува многу повеќе откако почна да оди во јасли?