Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Но бебињата по се изгледа се раѓаат со извесни предзнаења. Понекои сознанија им се генетски всадени, додека другите ги стекнуваат престојувајќи во топлата, затемнета материца, во која неколку месеци пред раѓањето можеле да гледаат, да слушаат и да чувствуваат допир и вкус.
Можеби некој ќе се запраша како може да се утврди што знаат и што чувствуваат малите бебиња, ако тоа очигледно не можат да го кажат. Постојат неколку техники кои ги користат истражувачите и кои, иако не се совршени, ни даваат некаква претстава што се крие во главата на бебето. Едниот метод е да се следат движењата на очите и главата на бебето. Уште еден начин да се утврди што им се допаѓа на бебињата е да се употреби направа која, преку јачињата на нивното цицање, ќе утврди кој глас му е подраг на бебето (дали гласот од мајката или глас од непозната личност). Бебињата ја менуваат брзината и јачината на цицањето кога зборува мајката и кога зборува непозната личност.
Ова е приказ на седумте столбови на предзнаењето на бебето. Новороденчето од раѓање поседува знаење за:
Која му е мајка
Изгледа дека бебињата го познаваат мајчиниот глас, а веројатно и нејзиниот мирис штом се родат, бидејќи со месеци се навикнувале на неа. Бебињата во второто тромесечие почнуваат да слушаат и иако звуците од надворешниот свет стигнуваат изобличени до нивните нежни уши, многу звуци ќе се пробијат до нив. Посебно впечатлив ќе биде гласот на мајката, бидејќи неговите вибрации се пренесуваат до материцата.
Новороденчето го привлекува и мирисот на мајката. Во едно истражување испитувачите ставале триесет бебиња на градите на својата мајка неколку минути по раѓањето, но откако едната дојка ја измиле со сапун без мирис, за да го прикријат природниот мирис на мајката. Дваесет и две бебиња почнале да цицаат од неизмиената дојка, а не од чистата.
На новороденото бебе, фрлено потполно во нов свет, сигурно му е голема утеха да го препознава гласот и мирисот на мајката, а после неколку часа и нејзиното лице. Бебињата по се' изгледа се раѓаат со вроден интерес за човечкото лице. Во една болница во Глазгов е направено испитување во кое се вклучени две мајки со слична боја на коса, кои седат една покрај друга зад проѕирна пластична преграда која го прикрива нивниот мирис. Потоа во собата се внесувани едно по едно нивните бебиња. Независниот набљудувач објаснува дека бебињата прво ја вртеле главата кон едната, па кон другата жена, за потоа да го концентрираат погледот на нивната мајка. И покрај незрелиот вид, бебињата стари од 12 часа до 4 дена знаеле која им е мајка и со воодушевување се вртеле накај неа.
Што значи да се биде човечко битие
Барем неколку недели пред раѓањето, бебето ќе биде во состојба да види каде се наоѓа – посебно ако мајката во еден убав топол ден го изложи својот стомак на сонце, па поголема количина на светлина се пробие низ слоевите на кожата, масните наслаги и мускулите се до материцата.
Иако бебето во стомакот не гледа човечки суштества, се чини дека од моментот кога ќе се роди им придава значење на триаголно распоредени точки, кои со својата местоположба потсетуваат на очи и усни. Во испитувањата без престан се потврдува дека новороденчето ја врти главата кон шематскиот приказ на човечко лице, а не кон некоја бесмислена шара. Исто така, новороденчето гледа подолго во човечко лице. Изгледа како новородените бебиња доаѓаат на свет во вроден детектор за лица.
Исто така за нив се значајни отворени очи. Направено е истражување во кое на бебе и е покажана слика на жена со отворени и затворени очи. Бебињата повеќе гледале во сликата на жена со отворени очи.
Што се' знае новороденчето - 2 дел
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Ако сакаш да внесеш разновидност во исхраната и да пробаш нешто малку ...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?