Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Сепак постојат некои работи кои може да ги направите за да ги зголемите шансите за забременување.
Направете гинеколошки преглед
Пред официјално да почнете да правите бебе, посетете го својот гинеколог. Посоветувајте се со гинекологот во врска со пренатални витамини кои содржат фолна киселина. Ако имате било какви здравствени проблеми треба да ги излечите или да ги држите под контрола, за да имате нормална бременост.
Запознајте го својот месечен циклус
Клучна работа е сексуалната едукација. Жената треба потполно да го разбира месечниот циклус и да го спознае однесувањето на својот организам, за полесно да остане бремена. Свеста за симптомите на овулација, кои вклучуваат промени во цервикалната слуз (исцедокот е воденкаст и слузав), може многу да ви помогнат. Други знаци на овулација вклучуваат блага болка во пределот на стомакот. Тоа е знак дека треба да водите љубов. Првиот ден од Вашата менструација е почеток и се смета како прв ден. Жените на кои циклусот им доаѓа на 28. ден овулираат 14 дена од првиот ден на циклусот. Многу жени имаат пократки и подолги циклуси, па овулацијата потешко може да се пресмета.
Не постои најдобра положба за зачнување
Можете да наидете на безброј митови во врска со тоа која е најдобра положба во сексот за да забремените. Но тоа се само митови. Не постои научен доказ кој тврди дека мисионерската положба е подобра од положбата кога жената е горе, во процесот на правење бебе.
Одредени положби кои и пркосат на гравитацијата, како што се седење или стоење можат да ги обесхрабрат сперматозоидите да се искачат горе во тек на половиот однос. Не ги практикувајте кога правите бебе.
Лежете после половиот однос
Можеби и порано сте чуле дека треба да лежите во кревет со подигнати нозе, за да ги зголемите шансите за забременување. Ова тврдење не е точно во потполност. Советот да лежите во кревет е добар, но не морате да ги држите нозете подигнати. Вашата карлица, каде што се одвива зачнувањето, не се помрднува кога ќе ги кренете нозете. Немојте да одите во тоалет 15-20 минути по половиот однос.
Не претерувајте со сексуални односи
Константното водење на љубов, дури и во периодот на овулација, нема многу да ги зголеми шансите за забременување. Премногу секс е одлична идеја, но спермата на мажите се разредува при почеста ејакулација. Генерално, водењето љубов секој втор ден во време кога овулирате, ќе ги зголеми шансите за забременување. Сперматозоидите можат да живеат 72 часа во вагината по ејакулацијата.
Говорејќи од аголот на сперматозоидите, носењето на тесна облека и лежењето во топла када или џакузи, може негативно да влијае на нив. Исто така мажите треба да исклучат соја од исхраната, бидејќи ја намалуваат концентрацијата на сперматозоиди.
Ослободете се од стресот како знаете и умеете
Периодот кога се обидувате да забремените може да биде исклучително стресен, а стресот може да ја поремети овулацијата. Исто така може да предизвика сексуална дисфункција кај мажите. Иако употребата на алкохол не е препорачана за време на забременување, една чаша вино ќе Ве опушти и ќе Ви помогне сексуалниот однос да Ви биде поубав.
Водете здрав живот
Вежбањето е одлична работа за телото, но не е добро (ако е претерано) кога се обидувате да забремените. Претераното вежбање може да ја запре хипофизата да им пренесе на јајниците наредба да овулираат.
Тоа не значи дека треба да престанете да вежбате. Прв знак дека треба да намалите со вежбите е ако менструацијата почне да Ви доцни. Вклучете умерени вежби, како што е получасовно брзо движење, три пати неделно. Внимавајте на исхраната – диетата е меч со две острици за жените кои се обидуваат да забременат.
Престанете со пушењето за да ги зголемите шансите за забременување. Освен негативните ефекти на никотинот, оваа лоша навика влијае и на плодноста. Влијае на нивото на естроген и на овулацијата.
85% од жените ќе останат бремени во текот на првата година од активното обидување. Ако не сте забремениле и после година дена, обратете се кај својт гинеколог за да ги направите сите испитувања врзани за плодноста.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Најдобар секс за забременување
За да се забремени мора да се поклопат повеќе работи, но во секој случ...
Повеќето жени по породувањето очекуваат дека стомакот ќе им се врати в...
Изградете врска со бебето во стомакот
Онаа посебна врска меѓу мајката и бебето, за која сите знаеме дека не ...
Дали амниоцентезата ќе му наштети на плодот?
Амниоцентеза претставува дијагностичка метода која дава важни информац...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Бррррр....
пеперутка16
Дали некогаш сте се сретнале со нешто непознато на кој било начин, нешто натприродно за нас луѓето?! Духови, ѓавол, шејтан......