|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Разговор со мајка на дете со церебрална парализа

Марина Кљајиќ Петковски, 7.3.2022
Церебралната ( мозочна) парализа, дефинирана како заболување на мускулно-скелетниот систем, е проблем со кој се борат над 17 милиони луѓе во светот. Настанува поради повреда на мозокот до која може да дојде во текот на бременоста и породувањето

image
/11


Меѓутоа, во многу случаи, причината е непозната. Повредата на мозокот, која поради некоја причина се случила, негативно влијае на движењето на мускулите и телото кај децата.

Во месецот за подигање на свеста за церебрална парализа, да им дадеме поддршка на сите борци и нивните семејства кои се соочуваат со истата.

Зорица Трајков е една од посебните мајки во Македонија, која веќе шест години се соочува со состојбата на нејзиниот син Ѓорѓи.

Рингераја: Кога ја добивте дијагнозата?

Зорица: Дијагнозата ја добивме кога Ѓорѓи имаше седум месеци.

Рингераја: Како се чувствувате?

Зорица: Исплашено, првенствено, најискрено бевме преплашени од непознатото се додека не истражив се за дијагнозата и сите пропратни непријатности кои доаѓаат со истата. Во смисол: се додека не дознаеш со што точно се соочуваш никогаш нема да го прифатиш тоа и да се помириш со истото. А најбитен од се е мирот, нели!

Се дури не го спознаеш проблемот–не можеш да најдеш решение.

Рингераја: Мајка сте на две деца. Како изгледа вашето секојдневие?

Зорица: Мајка сум на две деца да, Ѓорѓи скоро 6 и Кристијан кој има 3 години. Помалиот оди на градинка и тоа е добро затоа што со Ѓорѓи имам повеќе обврски а никаква помош. Нашето секојдневие а и ноќта се доста тешки и напорни затоа што тој не спие многу заради тоа што има многу спазми кои му ги пореметуваат движењата, секојдневието а и сонот воедно. Деновите се исполнети со предизвик и потешкотии кои само оние кои ги имаат можат да разберат. Јас искрено сум навикната ама морам да признаам дека сум истоштена и дека ми треба било каква помош. 

Рингераја: Какви потреби има Ѓорѓи од аспект на терапија, медикаменти, суплементи, третмани?

Зорица: Како прво, терапии правиме дома, плаќаме физиотерапевт приватно по што нема специјализиран центар за физикални терапии или нешто слично, нема дневен центар во Струмица исто така. Немаме каде да ги носиме децата со посебни потреби за да работиме и двајцата родители, потенцирам буквално плаќаме физиотерапевт со една плата претежно, што е невозможна мисија. Сме посетувале физикални центри низ и надвор од државата но моментално работиме само дома.

Потребни се справи: лонгети, столчиња, вертикализатори зависно од точна дијагноза на церебрална паразлиза, операции и што ли уште не.

Од аспект на медикаменти, суплементи и третмани ни се потребни доста работи кои исто така сами ги обезбедуваме на приватно дали од државава или странство небитно. Овде спаѓаат витамини, омега, средства за смирување и некои комбинирани витамини кои ги порачуваме од странство, кои истите чинат богатство во буквална смисла на зборот, но исто така и исхраната е многу битна и не смее да се занемари.

Рингераја: Дали имате помош од државата? Од институциите?

Зорица: Скоро ич…многу малку. Многу е тешко да се биде родител на дете со церебрална парализа во оваа држава!

Од државата земаме пет илјади денари посебен додаток месечно кој не е доволен за медикаменти камо ли пак за друго.

Рингераја: Дали посетувате дневни центри за лица со цп?

Зорица: Не, за жал немаме ниту еден функционален дневен центар во Струмица, пак ќе напоменам.

Рингераја: Со какви предизвици се соочувате?

Зорица: Па најголемиот е овој последниот, со тоа што немаме каде да ги однесеме нашите деца за ние да можеме да работиме и функционираме нормално, да им овозможиме подобра иднина, да им го подобриме квалитетот на животот така што и ние самите ќе имаме достоинствен живот.

Пречки има еден куп: од рампи до прифаќање во општествата. Рамноправност и третман како кон сите подеднакво.

Тие имаат само физички хендикеп и имаат право да спортуваат, да се рекреираат и да им се радуват на сите животни радости како и сите други луѓе.

Рингераја: Што ќе им препорачате на други мајки кои се соочуваат со истата состојба?

Зорица: На сите оние кои се соочуваат со истава состојба би им порачала: Не плашете се, знам дека ќе се плашите на почетокот и дека ова ќе го сфатите како казна но не е така, овие деца се се што ние не сме, овие деца не учат дека и невозможното станува возможно, во овие деца има неизмерна љубов која се повеќе исчезнува, овие деца прават чудата да станат реални и не учат на трпение, ни влеваат надеж и не учат дека животот е убав. Тоа е она кое се почесто го забораваме, а треба да сме среќни и благодарни секој миг, радувајте им се на вашите деца какви и да се, тие се посебни а со тоа и вие самите, затоа што токму вие сте одбрани да бидете нивни родители а не било кој друг.

И никогаш не откажувајте се. Без разлика на сите туѓи мислења. Верувајте во вашите деца, заради тоа што тоа им е најнеопходно.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Совети за добро здравје во училиште
Во овој период од годината мајките најчесто ги испитуваат цените на училишната опрема, настојуваат да ја обноват детска...
3
Перење на играчки во машина за садови
Чистењето на детските играчки не е баш забавно. Нивното перење во машина за садови може прилично да Ви го олесни животот
3
Избираме најубава творба: Јана Додевска
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати наставничката на Јана Д...
3
Најсмешните мемиња инспирирани од мајчинст...
Никој не вели дека е лесно да си мајка, но тешко ќе поверувате низ што минуваат родителите додека и сами не станете роди...
3




Анкета

najubavo zensko ime
piko

Glasajte za najubavo zensko ime

Lana (23%)

Hani (1%)

Dajana (6%)

Dina (17%)

Katja (17%)

Jana (36%)


Број на сите гласови: 145

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!