|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Одблиску со Миа Костова за спонтаниот абортус

Редакција Рингераја, 18.6.2020
Миа Костова,на сите добро позната водителка, модна блогерка, инфлуенсер кој рекламира најпознати брендови во Македонија, мајка на Андрија, искрена и директна личност, голем пријател. Денес во живо на Инстаграм на тема: Спонтан абортус во 1 тромесечје

image
/11


Рингераја.мк

Важиш за ретко искрена и секогаш директна личност. Инфлуенсерите кај нас рекламираат мода, а ти покрај тоа го користиш своето влијание да помогнеш на многу девојки и на теми на кои другите никогаш не би се осмелиле. Какви беа реакциите на јавноста кога најави дека јавно ќе говориш на тема спонтан абортус?


Миа Костова

Искрено, не очекував дека ќе има фидбек иако првиот лајв кој самите фоловери го наметнаа на тема анксиозност ми беше доволен да размислам дека лајф стајл инфлуенсер не е оној кој само препорачува гардероба, накит и шминка. Ми беше јасно дека платформата може да се користи покрај се ова погоре и за многу поконструктивни теми. Не велам дека не ми е приоритетна работа инстаграмот, велам дека се она што ќе го видат кај мене има содржина зад која што стојам со две раце. Тргнав од анксиозност и панични напади, кои што ги имам, продолжив со спонтан абортус кој сум го поминала на два пати ама сфатив дека е длабока тема и ми треба поддршка од стручно лице. Така испадна идејата за лајв  со Др. Ирена Гошева од One Hospital Тетово.

 

Рингераја.мк

Кажа дека си имала два спонтани абортуси. Како успеа да го надминеш тој тежок период?


Миа Костова

Многу бев млада ама и покрај тоа ми се рушеше светот. Денес не се ни сеќавам на тоа откако го имам Андрија жив и здрав, ама памтам дека барав одговори кои тешко ги добивав. Бев убедена дека ќе се помачам да станам мајка. Испадна дека воопшто не е така. После пет год следуваше бременост како по книга со бебе од скоро 4 ипол кила. 

 

Рингераја.мк

Со какви стравови се соочи во својата бременост? Дали бременоста се водеше како нормална или ризична?


Миа Костова

Паметам само дека во првите три месеци на 10 мин одев во тоалет да видам дали сум прокрварела.... Тоа никогаш не се случи... фала Богу. Бременоста ми се водеше како нормална, дури ми ги прекинаа суплементите зошто качував килажа. Совршена бременост на улица би рекла.  

 

Рингераја.мк

Збор два за твојата работа и твојата улога на мајка. Дали Андрија е свесен дека има славна мајка? Како го прифаќа тоа дека мама има поразлична работа од мајките на неговите соученици?


Миа Костова

Мислам дека сум од оној тип на мајки кои се праведни, би рекла. Строга кога треба, гушкам и галам кога треба. Глупаво е да зборувам за себе ама Андрија е дете од соништата. Воспитан, кроток, многу примерен и послушен. Околу популарноста, искрено долго време ја негираше, ама често му се случуваше да го викнат на улица по име и некако почна да се помирува со тоа дека мама има малку поинаква работа од другите мајки. Сега се слика и позира без проблем. :)

 

Рингераја.мк

Дали и со какви предрасуди се соочуваш во секојдневниот живот?


Миа Костова

За да се соочуваш со предрасуди, треба да те допираат. Мене не ме допира ништо кога ќе го видам успехот кој се должи само на мене и среќата на моето дете кое е живо и здраво.

 

Рингераја.мк

Дали би променила нешто на себе?


Миа Костова

Килажа, често ако имам магично стапче. Инаку реално, би си ја променила својата прекритична психа и она што ме држи будна кога не сум задоволна од себе си. 

 

Рингераја.мк

Доколку ти се укаже шанса за блескава кариера во странство, дали би ја прифатила?


Миа Костова

Ова прашање е во право време. Денес да, порано ми било удобно тука. Сега веќе ми станува тесно. Така да, би размислила сериозно.... 

 

Рингераја.мк

Зошто баш др Ирена за лајв?


Миа Костова

Ирена излезе сосема случајно, некако коцките секогаш ми се поклопуваат. Седнав со др. Ирена веднаш после веста дека другарка ми имаше спонтан. Така тргна приказната за лајв, така и ќе продолжи ако следачите го сакаат тоа. 

 

Следете ја @miandrija вечерва (четврток 18.06) во 21 часот live со Др. Ирена Гошева од One Hospital Тетово на Инстаграм на тема спонтан абортус 

 


View this post on Instagram

Понекогаш е доволно само да се преброиме. Не е точно дека учиме, затоа што секогаш веруваме во она што ни одговара во моментот. Мене ми одговара да сум среќна со полни раце, еве баш вака. Сите искушенија, падови и подеми сакам да ги поминам со моите луѓе. Што и да доаѓа нека влезе слободно, додека сме здрави и живи за вакви слики. 2020, нежно драга, непријатна сум кога ќе се наљутам. Среќна Нова луѓенца, ве сакам за секој збор каков и да бил. Без ветувања за којзнае какви планови, живејте си го денот, нервирајте се и сакајте се, трудете се и откажете се, земете и дајте, одете и не се враќајте или вратете се ако така ви вика срцето. Од било каде. Било кога. Не постои неуспех, постои одлука во која вие се чувствувате комотно. Не слушајте други, колку и да се блиски, вашето ‘врапче’ секогаш е во право. Гушкам 22 700 луѓе. Дека ми се може и дека така сакам! Бац

A post shared by Миа Костова (@miandrija) on Dec 31, 2019 at 2:56am PST

Кога се развива мозокот кај децата?
Децата се брилијантни. Зарем не? Тие живеат во сегашниот момент.Тие се способни и невини. И можеби мојата омилена особин...
3
mamamegi:Дали постои дефиниција за мајчинс...
Дали некој може да го опише тоа чувство во една реченица? Не, тоа чувство мора прво да се доживее и потоа "да се обидеш...
3
KidzOmegaTM
KidzOMEGA е одличен извор на OMEGA 3 масни киселини EPA I DHA, со прекрасен вкус на портокал во кој ќе уживаат децата. ...
2
Алергија на мобилен телефон?
Американските експерти откриле дека долгото држење на мобилните телефони може да предизвика алергиска реакција на никел.
2


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Muzika
elenaile

Kakva muzika povekje slusate?

makedonska (54%)

stranska (46%)


Број на сите гласови: 63

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!