Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
АТЛАНТА – Научниците вчера јавија дека за прв пат успеале да излекуваат бебе инфицирано со ХИВ, предизвикувачот на СИДА.
Тие истакнуваат дека се работи за функционално, а не потполно излекување, што е важна разлика, бидејќи вирусот кај бебето не е комплетно искоренет, но е намален на толку мало ниво што организмот може да го контролира без потреба за стандардна терапија со лекови. Единствен пациент во светот кој потполно е излечен од СИДА е т.н. берлински пациент, американецот Тимоти Браун.
Девојчето кое е излечено од ХИВ не добило ништо инванзивно, ниту посложено од обичните антивирусни лекови. Разликата била во дозата во времето: терапијата започнала по помалку од 30 часа по нејзиното раѓање. Таквиот вид на агресивно лечење довел до негова функционалност, истакнаа истражувачите на 20. годишна конференција за лечење на опортунистички инфекции во Атланта.
Вирусот ХИВ на бебето го пренесла мајката при породувањето, а нејзиното лечење со тераписки дози на антивируски лекови започнало пред стигнувањето на резултатите на ХИВ тестот, кој бил позитивен.
Вообичаена процедура е да се чекаат резултатите, а во меѓувреме да му се даваат мали дози антибиотици на бебињата. Во овој случај постапката била забрзана.
Извор: LosAngelesTimes
23
4
4
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Дали постојат препарати кои можат да го ублажат ПМС-от?
Предменструалниот синдром (ПМС) опфаќа низа физички, емоционални и пси...
Хормонски предизвикана неплодност
Хормоните играат клучна улога во функционирањето на репродуктивниот си...
Како да бидете тим, а не двајца ривали во врската?
Секоја врска има свои предизвици, несогласувања и моменти на напнатост...
Планирате бременост? Внимавајте што пиете
Доколку планирате бременост, здравите животни навики можат позитивно д...
Она што го јадеме не влијае само на нашето физичко здравје, туку и на ...