Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Хемиска бременост
Тестот за бременост може да покаже лажно позитивен резултат ако имате т.н. хемиска бременост. Овој редок вид на спонтан абортус се случува многу ретко, но може да ви даде позитивен резултат ако подоцна направите тест.
Многу жени не разбираат дека биле бремени бидејќи абортусот се случува пред 5-тата недела од хемиската бременост. За толку краток временски период, вашето тело сe уште има хормони кои укажуваат на бременост која може да доведе до позитивен тест.
Не ги следите упатствата правилно
Инструкциите за употреба се многу важни. Тие мора строго да се следат, за тестот да биде колку што е можно поверодостоен.
Тестот за бременост е дефектен
Секогаш проверете го датумот на истекување на тестот за бременост. Како и секој друг лек и тестот за бременост има рок на траење по кој, или непосредно пред тоа, не може да даде точен резултат.
За уште поголема безбедност направете уште еден тест, но од друг производител. Ова ќе ви помогне да ги споредите резултатите и да добиете појасна слика, пред да посетите лекар.
Земате одредени лекови
Некои лекови може да влијаат врз биохемиската и хормоналната рамнотежа во вашето тело, што пак ја нарушува точноста на вашиот тест за бременост. Таквите супстанции се метадон, хлордиазепоксид, прометазин.
Некои болести
Во некои случаи, ретките болести можат да влијаат на точноста на тестот за бременост. Најчесто овие се различни тумори (на матката, панкреасот) кои можат да предизвикаат лажно позитивен резултат.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Која пумпа за млеко е најсоодветна за вашите потреби?
Рачна или електрична? Еднострана или двојна? Мала и дискретна или помо...
Редослед на воведување зеленчук кај бебињата
Кога бебето ќе започне со дохрана, родителите често се прашуваат со ко...
Колку долго да шетате со вашето бебе?
Свежиот воздух и промената на средината можат да бидат убав дел од сек...
Зошто секое бебе се развива со свое темпо?
Едно бебе ќе почне да седи порано, друго ќе прозбори порано, а трето м...
Хуманиот папилома вирус е многу честа инфекција, која најчесто поминув...