Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Помогнете ни заедно да влијаеме во изградба на подобро општество и да ги израдуваме болните дечиња за време на Новогодишните празници.
ГРАМ ЉУБОВ за ТОН ЗДРАВЈЕ |
Прегрнувањето е начин за исполнување на длабоката физичка и емоционална потреба на човекот – допир со други луѓе.
За жал, оваа потреба за допир се чини дека ја изгубила својата суштина во брзиот начин на живот, каде што замена за физичкиот контакт претставува телевизорот, компјутерот, телефонот и интернетот. Ова резултира многу од децата да бидат лишени од наједноставниот, а клучен елемент за нивниот развој, опстанок и емоционална добросостојба. Прегрнувајќи го своето дете, ја покажувате својата наклоност и љубов. Прегратката има моќен ефект кој може да се трансформира во физичка и емоционална добросостојба на детето.
Прегрнувањето:
- го зајакнува имунолошкиот систем
- лекува депресија
- го намалува стресот
- смирува
- ревитализира
Прегратката е корисна бидејќи:
- прави децата да имаат подобро мислење за себе и за околината
- прави повеќе да сакаат и да се чувствуваат сакани
- поттикнува и е израз на простување
- позитивно влијае на развојот на интелигенцијата кај децата
- го зголемува чувството на безбедност, сигурност, доверба и среќа
- ја олеснува болката
- лечи чувство на осаменост, фрустрации, анксиозност и други негативни емоции
- ги отвора вратите на сокриените и потиснати чувства
- помага децата да го надминат стравот
- ја олеснува тензијата
- дава чувство на припадност
- ја зголемува емоционалната енергија
Во светот кој стана се покомплициран постои еден прекрасен и бесплатен дар. Моќта на допирот, прегратката. Не им го вртете грбот на старците, инвалидите, болните на смртна постела, болните на кои им е потребна долгорочна нега, бидејќи нивната потреба зависи од Вашата способност да дадете. Посебно не им вртете грб на децата кои се болни. Една работа која што им треба најмногу е во Вашите раце. Нека вашите раце им подарат прегратка која ќе потекнува од Вашето срце. Моќта на допирот е најмоќното средство за исцелување кое можете да го понудите некому. Дајте ја својата прегратка некому и станете побогати за најважната човечка особина – великодушноста! Прегрнувајте често, прегрнувајте силно, прегрнувајте од срце...
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Патот до бебе, вистинските стории
Секој пат до бременост е различен. За некои, тоа е брз и лесен процес,...
Кои права ги имате во породилната сала?
Породувањето е длабоко личен и значаен настан. Иако се одвива во медиц...
Како да ги изберете вистинските пелени за вашето бебе?
Од првите денови по раѓањето, пелените стануваат дел од секојдневниот ...
Лесни вежби за трудници. Движење без ризик
Трудничкиот период е време кога телото се менува, но тоа не значи дека...
Топол дом без големи сметки: најдобрите трикови
Зимата носи убави моменти, но и високи сметки за греење. Добрата вест ...