Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Научно е докажано дека жените се менуваат за време на бременоста и нивниот мајчински инстикт полека излегува на површина.
Како и да е, сеуште постојат жени кои сметаат дека не се спремни за забременување и породување и се стремат да не мислат на тоа. Ова прашање бара само подлабоко размислување. Ако сте млади со перфектно здравје и сакате да имате бебе, но сте уплашени од целиот тој процес, треба само да мислите на главната цел и да запомните дека раѓањето е само природен процес во вашиот живот.
Еве неколку идеи како да ги надмините пречките на емоционално ниво и како да бидете подготвени да станете мајка:
Физичкото здравје
Да се биде во здрава физичка состојба е добар поттик, ако веќе мислите на раѓање. Тоа навистина е еден чекор понапред кога планирате да забремените. Исто така, тоа ќе биде и гаранција дека нема да имате дополнителни потешкотии за време на бременоста. Ако вие и вашиот партнер сте во потполна здрава физичка состојба, тогаш нема ништо за што би се грижеле.
Гледајте пошироко на работите
Некои луѓе мислат дека треба да го чекаат вистинскиот момент за да започнат семејство. Во повеќето случаи, финансиската несигурност е причината зошто многу луѓе одлучуваат да немаат дете. Како и да е, одлуката да имате или да немате дете е повеќе лична, но не можете да чекате перфектни услови, бидејќи тие можеби никогаш нема ни да дојдат. Никогаш парите нема да ви бидат доволни, па заради тоа вие треба повеќе да се посветите на подготовките за да станете родител и да дозволите животот да ви се промени кон подобро.
Бидете реални
Замислете го животот во вашиот дом заедно со вашето бебе. Замислете како ќе се сменат работите и мислете на работите од кои што ќе треба да се откажете, с? со цел да имате дете. Како што созреваме, така и животот се менува, така да ќе имате доволно време за да ги направите нештата што ги сакате. Ако навистина сакате да имате бебе, тогаш треба да се преиспитате повторно за некои работи и да се навикнете на идејата дека навистина посакувате да родите бебе.
Одговорноста е голема, но радоста е уште поголема!
Разговарајте со вашиот партнер
Разговарајте со партнерот и донесете заедничка одлука. Дали и двајцата посакувате да станете родители? Дали вашиот брак е цврст? Дали ќе бидете способни да одгледувате дете? Дали вашиот партнер е подготвен да ви ја даде потребната подршка за време на бременоста?
Ако бракот е сигурен, тогаш нема да имате било какви потешкотии, справувајќи се со проблемите кои би можеле да ви излезат на патот.
Ако љубовта е голема, вашето дете ќе биде среќно за тоа што е родено и пораснато во вашиот дом.
Извор: http://kidsarelovely.com/
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Црвен кармин за свадбени прослави
Црвениот кармин отсекогаш бил симбол на самодоверба, елеганција и заво...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?