Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Лесли Браун, британка која се обидувала да остане бремена полни девет години и која прва во светот зачна со ин витро оплодување, почина во кралската болница во Бристол.
Освен првото дете, родено со вештачко оплодување Луиз и Натали е родена на ист начин. Лесли исто така имала и ќерка од првиот брак на нејзиниот сопруг Шерон и пет внучиња.
Госпоѓа Браун страдала од блокада на Фалопиевите туби што значи дека природното зачнување во нејзиниот случај било неможно. Тогаш, во 1976. година слушнала за новото истражување и се пријавила за учество, очајнички обидувајќи се да забремени.
Иако процедурата за оплодување на јајце клетки е спроведена кај уште неколку жени, Браунова прва забременила по третманот. Бидејќи нејзиниот случај привлекол големо внимание и медиумите ја следеле на секој чекор, лекарите, а и нејзиното семејство, се плашеле дека од стрес ќе го изгуби бебето.
Таа имала разни методи на криење од медиумите, па повеќе пати се преоблекувала како чистачка во болницата Oldham, каде ја контролирала бременоста.
Професорот Роберт Едвардс кој ја извршил оваа процедура за прв пат, дoби Нобелова награда за медiцина во 2010. година за техниката која е опишана како “камен темелник на модерната медицина”.
Иако ин витро оплодувањето е едно од најголемите достигнувања во минатиот век, денес веќе стана рутинска процедура.
6
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Храна што може да помогне при висок крвен притисок
Високиот крвен притисок е една од најчестите здравствени состојби и ва...
Најважни здрави навики што децата треба да ги усвојат
Здравите навики што децата ги усвојуваат во најраната возраст можат да...
Како да ги заштитите облеката, храната и домот од молци
Молците можеби изгледаат безопасно, но нивните ларви можат да направат...
Зошто е важно да бидеме дарежливи?
Дарежливоста е многу повеќе од подарување пари или материјални работи....
Мали нешта што можат да донесат голема радост
Не секогаш ни се потребни големи промени, скапи подароци или посебни п...